ООУ „Вера Циривири Трена“ е шесто училиште на територија на општина Карпош од вкупно десетте, кое од 15 октомври минатата година, се преориентираше од користење на топлинска енергија од системот на топлификација, во сопствено греење. По тој повод, градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска, во рамки на училиштето одржа конференција за медиуми, наведувајќи ги предностите од ваквиот начин на користење на природните ресурси.- Станува збор за употреба на геотермални пумпи. Тоа значи користење на обновливи извори на енергија, со што даваме придонес во подобрување на еколошката состојба во општина Карпош. Од друга страна, ги исполнуваме условите на протоколот 20/20/20. Тоа значи, 20% намалување емисија на штетните гасови во атмосферата, 20% користење на обновливи извори на енергија и 20% заштеда на енергија – објасни Јакимовски.
Првиот човек на Општината, потсети дека, со реконструкција и поставување на термо-фасади и монтирање на нови прозорци во сите училишта, веќе е регистрирана намалена потрошувачка на енергија за дури 60%.
– Поточно, инвестицијата во грејниот систем во ООУ „Вера Циривири Трена“, ја чини локалната самоуправа 4.500.000 денари и според нашите калкулации, очекуваме да ја повратиме за само три години. Од друга страна, општина Карпош, како голем потрошувач на електрична енергија, веројатно од 1 јуни ќе има право самата да се снабдува на пазарот. Во тој случај, трошоците за електрична енергија во училиштата и сите објекти што ги има локалната самоуправа ќе паднат за три пати.
Во конкретниов случај, општинскиот татко посочи оти училишниот објект годишно ќе се грее за седум до осум илјади евра.
– Останатите средства кои ќе се ослободат, со намалување на трошоците и натаму ќе ги вложуваме за подобрување на условите за работа и живот на нашите најмали жители. Водејќи се од оваа успешна пракса, наскоро ќе го примениме системот на загревање во ООУ „Димо Хаџи Димов“, со т.н печка со „дрвен чипс“ – додаде Стевчо Јакимовски.- Станува збор за употреба на геотермални пумпи. Тоа значи користење на обновливи извори на енергија, со што даваме придонес во подобрува