ЕКС ЈУ ГЕНИЈАЛНОСТ: Зошто цигарите „Филтер 57“ биле обратно пакувани?

„Филтер 57“ во меко пакување беа најпродаваните цигари во поранешна Југославија. Но, интересната работа за овие цигари е тоа што тие обратно се свртени.Тогашната фабрика „Тобачна Љубљана“ од Словенија, ги произведуваше цигарите кои за прв пат се појавија на пазарот во 1957 година.
Меѓу другото, ова биле единствените цигари кои не го добиле своето име според некоја река, каков што бил обичајот.

На амбалажата можеле да се прочитаат и стиховите на словенечкиот поет Франц Прешерн.
Уште една интересна работа е што цигарите намерно ги пакувале од обратна страна, бидејќи овие цигари биле најпопуларни меѓу работниците. Идејата била работниците кои биле со валкани раце од работа да не доаѓаат во директен контакт со филтерот.
Тогашната фабрика „Тобачна Љубљана“ од Словенија, ги произведуваше цигарите кои за прв пат се појавија на пазарот во 1957 година.

Пронајдете не на следниве мрежи: