Постои видеокасета на која се документирани информации за изведени експерименти во Филаделфија и Монтаук, кои би можеле да го сменат текот на историјата ако се покаже дека се точни.На касетата се наоѓа интерјву кое е направено во нечиј дом во Лонг Ајленд. Три лица седеле и разговарале за експериментот во Монтаук, а меѓу нив бил и Престон Николс, кој е познат по експериментите со патување низ времето.
Неколку напомени за експериментот во Филаделфија
Филаделфискиот експеримент, познат уште како и „Проект виножито“, долго беше тема на контроверзи и дебати. Тоа беше обид на морнарицата да создаде брод кој не би можел да биде детектиран со магнетни мини и радари.
Исто така, станувало збор за проекти кои вклучувале експерименти за невидливост и контрола на умот. Вистината за овој проект никогаш нема да биде објавена во јавност.
Меѓутоа, резултатите од овие експерименти биле многу поинакви и поопасни од она што морнарицата го очекувала. Иако приказната делува премногу бизарно за да биде точна, премногу случајности упатуваат на нејзината вистинитост. Постојат луѓе кои зборуваат за овој злогласен експеримент: гласини за луѓе кои биле „замрзнати“ во времето со месеци, за луѓе кои патувале низ времето итн.
Никола Тесла во 1930 година, беше вмешан во групата која што експериментирала со движењето низ времето и просторот. Кон почетокот на триесеттите години од минатиот век, Универзитетот во Чикаго ја истражуваше можноста за невидливост која се постигнува со помош на струја.
Овој проект во 1939 година беше преместен во Институтот за напредни студии на Принстон, недалеку од Филаделфија. Таму успеале неколку објекти да ги направат да станат невидливи – помали предмети. Тие ѝ ја претставиле оваа технологија на владата. Бидејќи војната беше во тек, војската сакала истражувањата да продолжат во таа насока.
Владата во 1943 година спроведе тест, употребувајќи домашни животни на бродот USS Eldridge во пристаништето Норфолк. Животните биле поставени во кафези и бродот бил направен да биде невидлив. Меѓутоа, кога бродот повторно бил материјализиран, многу животни исчезнале или им останале траги од радијација и изгореници. Тогаш не се одржале тестирања врз луѓе.
Сепак, се тврди дека на 12 август 1943 година, било извршено тестирање на луѓе без нивно знаење. Бродот исчезнал и сѐ се чинело дека е во ред. Други пак, тврдат дека експериментот се случил на 28 октомври, а некои тоа и го потврдуваат.
Во воениот дневинк на USS Eldridge, стои: Бродот остана во Њујорк и Лонг Ајленд до 16 септември, кога тргна кон Бермудите. Од 18 септември до 15 октомври, мина низ различни тестирања. На 18 октомври тргна за Њујорк и остана таму до 1 ноември. Од 1 до 2 ноември тргна кон Норфолк, а на 3 ноември се упати кон Казабланка. Eldridge стигна во Казабланка на 22 ноември и остана таму сѐ до 29 ноември, кога повторно се упати кон Њујорк.
Би се рекло дека морнарицата никогаш не ги извршила тие експерименти, но владата е позната по затајувањето на проекти кои се важни за националната сигурност. Пример за таква ситуација е проектот Менхетен, т.е. изградбата на атомската бомба, за која не се зборувало сѐ додека не ѝ била претставена на јавноста.
Сепак, бродот не се наоѓал во пристаништето цели 4 часа. Според легендата, бродот бил транспортиран низ времето и просторот.
По четири часа, тој се појавил на своето место со зелена магла на палубата. Некои морнари делувале лудо, други биле болни, а трети доживеале срцев удар. Некои починале, а други станале дел од бродот. Според некои извештаи, луѓето напросто исчезнале и никогаш повеќе не биле видени.
Но, каде се наоѓал бродот цели 4 часа? Некои велат дека отпатувал 40 години во иднината и завршил во Монтаук, Њујорк.
Морнарицата ги негираше сите тврдења и рече дека луѓето се изгубиле на море. Можеби еден ден ќе се дознае вистината.
Имено, морнарицата направила уште едно експериментирање над електраната на USS Timmerman во педесеттите години на минатиот век. Одеднаш се појавиле светла од празнење. Овие светла ги здогледал Карлос Мигуел Аленде, кој веднаш ја известил научната заедница. Морнарицата верува дека Аленде се збунил и го помешал тој експеримент со Филаделфискиот експеримент.
Карлос Мигуел Аленде, познат и како Карл Ален, бил чуден човек. Тој, на 14 јули 1942 година им се придружил на маринците, а на 21 мај 1943 година бил отпуштен. Потоа стана дел од посадата на SS Andrew Furuseth, од кој наводно го видел транспортирањето на Eldridge од Норфолк од Филаделфија и обратно, за само неколку минути.
Сепак се појавила една трага
Двајца морнари се шетале во паркот кога одеднаш им пришол вознемирен човек. Тој им раскажал фантастична приказна за експериментот, во кој загинале многу луѓе. Тврдел дека преживеаните членови на посадата биле прогласени за луди. Еден од морнарите поверувал во приказната и го исконтактирал д-р Јесуп.
Иако ова наликувало на битна трага, д-р Јесуп не бил во состојба ништо да направи, а забележал и дека репутацијата му се влошува во научните кругови. Веурвајќи дека постои друга димензија која е подобра од оваа, д-р Јесуп на крај извршил самоубистви на 20 април 1959 година. Некои веруваат дека владата го убила за да ги сокрие експериментите.
Кратко по самоубиството, се појавува трагата. Таа трага бил Алфред Д. Белек.
Неговата приказна била побизарна. Тој тврдел дека го транспортирале низ времето во иднината и дека таму му го испрале мозокот. Поради тоа бил убеден дека се вика Алфред Белек, а не Едвард Камерон, како што му гласело вистинското име. Тој тврдел дека технологијата која била користена во Филаделфискиот експеримент, била добиена од вонземјаните.
Белек, исто така тврдел дека Ајнштајн, Њуман и Тесла биле вклучени во проектот. Принципот кој стои зад експериментот е „Теоријата на обединети полиња“. Според оваа теорија, гравитацијата и магнетизмот се споени на ист начин, како масата и енергијата во формулата за еднаквост (E = mc2). Ајнштајн никогаш не ја решил формулата, но самата природа на експериментот сугерира на нешто друго. Можно е дека оваа теорија станала владина тајна, па дури и била искористена за патување во вселената без ракета.
Заглавување на посадата по експериментот
Најлошите последици биле „заглавувањата“. Заглавената посада станала невидлива и не можела да зборува и да ги допира другите луѓе. Ова заглавување било познато како „замрзнување“ и траело од неколку минути до неколку часа, оштетувајќи ја психата. Човек можел да се извлече само доколку другите членови од посадата би го допреле. Замрзнувањето можело да трае и неколку месеци, што би се нарекувало „длабоко замрзнување.“
Целото сценарио е полно со прашања на кои веројатно никогаш нема да ги добиеме одговорите.
По многу години истражување, не се пронајдени никакви службени документи кои го потврдуваат тврдењето за експериментите со невидливост или телепортацијата, а кои го вклучуваат бродот на морнарицата. Заветот за молчење во врска со овој експеримент е спроведен низ сите институции на САД.
На касетата се наоѓа интерјву кое е направено во нечиј дом во Лонг Ајленд. Три лица седеле и разговарале за експериментот во