Експерти: Поради послушноста кон Заев, Јанева вовлечена во спиралата на кривичната одговорност

СДСМ сака насилно, а не преку избори да ја добие власта во Македонија. Со нелегално стекнати материјали, преку закани и под параванот на Специјалната јавна обвинителка, партијата на Зоран Заев грубо го прекршува законот, а ниту тие, ниту Јанева не сносат никаква одговорност за тоа.Катица Јанева не ја работи својата должност, туку функционира во тесна поврзаност со СДСМ. Ова е впечатокот кој го имаат експертите за специјалната јавна обвинителка, по нејзините последни чекори.
Лидерот на СДСМ Зоран Заев ги прекрши сите закони и договорот од Пржино непредавајќи ги материјалите кои нелегално ги поседува до СЈО. Јанева иако има овластувања да превземе нешто, таа го остави Заев да продолжува со своето самоволие на штета на државата.
Универзитетската професорка Тања Каракамишева Јовановска, вели дека СДСМ се обиде со криминално стекнати разговори да ја освои власта и дека една таква криминална стратегија треба да заврши зад решетки. Според професорката, СДСМ ја киднапира државата во годинава која изминува.
-Година на „бомбите“ на Заев. Така ќе остане запаметена оваа 2015 година. Криминално стекнати телефонски разговори ставени во политичката торба на СДСМ за отворање на големата врата за освојување на власта. Криминална стратегија која не може да заврши поинаку освен зад решетките во казнено-поправниот дом на сите оние што неа ја планирале, организирале и реализирале, како злосторнички здружена група. На крајот на годината, кога политичкото клопче дефинитивно се одмота, а работите станаа кристално чисти за сите, природно си дојде и описот на годината. 2015-та е година во која државата беше киднапирана од СДСМ, а граѓаните и целиот систем беа нивни класични заложници. Заложничката драма сé уште трае, иако сликата веќе е далеку почиста од онаа на почеток. Прво, Јанева и нејзиниот тим не смееја да го пуштат Верушевски од притвор заради тежината на обвинението. Куќниот притвор може да се одреди за полесни обвиненија, каде не постои опасност од влијание врз сведоци и воопшто давање психолошка предност на обвинетиот, кој е обвинет за едно од најтешките кривични дела против државата, шпионажа. Тоа секако психолошки ќе влијае и на сите обвинети во  “Фабриката за афери” каде веќе се најдени 70.000 незаконски прислушувани телефонски разговори за кои Заев тврдеше дека само тој ги поседува. Од истрагата се виде дека не е така и дека во “фабриката” делувала злосторнички здружена група за која постојат докази дека се сторители на повеќе казниви дела. Посебно е сериозна тежината на последните докази на најдените 120.000 податоци на граѓани со име и презиме и матични броеви што требале да бидат искористени за издавање фалсификувани лични карти. Фрапантна бројка со невидени правни последици доколку целата акција не беше откриена. Истрагата натаму ќе покаже во кој обем и за какви цели оваа група можела да има конкретни релации со партиското раководство на СДСМ, вели професорката за Курир.
Аналитичарот Александар Пандов во изјава за Курир вели дека е јасно оти Јанева е тесно поврзана со СДСМ, а не го сработила основното за што беше избрана. Според него, Јанева очигледно свесно “заборава“ некои работи.
-Верувам дека и цела македонска јавност исто како и јас се уште се во голем шок и неверување од информацијата дека специјалната побарала ослободување на првообвинетиот во аферата пуч Зоран Верушевски. Уште по првоте нејзино обраќање сихронизирано со СДСМ на сите ни беше јасно дека Катица е тесно поврзана со нив, но верувам дека на никого не му одеше умот дека се уште се споени со папочна врска. Факт е дека неделникот на Заев, Фокус, прецизно ни ги најави нејзините потези, реакциите на неколку амбасадори исто беа најава дека Јанева ќе игра по нивни ноти, но дека до толку ќе се немало срам и перде и барем малку чувство за осет према својот народ и држава и дека прв чекор што ќе го направи ќе биде ни помалку ни повеќе туку ослободување на Верушевски, ако е и од специјалната Катица Јанева, многу е. Заборави ли специјалната на сведочењето на Заев во кое зборуваше дека ќе му купувал кола на Верушевски за да можел полесно да бега во друга земја, со работна виза дадена од чадорот? Заборави ли специјалната на комунакацијата на Верушевски во која му било јасно до какви немири можат да донесат неговите прислушнувани материјали и дека поради тој лик Македонија се наоѓа цела година во сериозна политичка криза. Притоа никако не можам да го отфрлам фактот дека Катица Јанева се уште го нема основното за кое што е избрана, а тоа се нелегално стекнатите разговори. Притоа зборуваме за 600.000 разговори од 20.000 граѓани. Додека таа се жали во штабот на СДСМ, се уште немала кафекуварки, 70.000 од тие разговори се наоѓаат кај некој си Чауш, а нема да ме чуди дека досега СДСМ истите ги има тргувано и на други вакви ликови, вели Пандов.
Сега е на ред најголемото прашање, она со најголема тежина- Ќе одговара ли некој за оваа состојба, постои ли кривична одговорност за специјалната јавна обвинителка?
Каракамишева Јовановска вели дека  непостапување, или молчењето  во однос на случајот за кој е задолжена да го реши, ја вовлекува и Јанева во спиралата на кривичната одговорност.
-Јанева мораше до сега да работи согласно член 196 од Законот за кривичната постапка, во однос на прислушуваните разговори што ги поседува Заев, а сега веќе и трети лица, привремено одземање предмети по службена должност кога постои опасност од одлагање и за кои постојат основи за сомневање дека се предмети на кривично дело, посебно во врска со чл.194, став 4, алинеја 2. Таа мораше да постапи согласно овој член на идентичен начин како што нејзините колеги од редовното јавно обвинителство постапија во случајот фабрика за афери. Ова и беше добра лекција на Јанева за професионално и одговорно постапување во служба. Одредбите од Законот за кривичната постапка по однос на  обезбедување и одземање предмети што можат да послужат како доказ во кривичната постапка, се многу јасни и прецизни, па оттаму не знам во чив интерес, и заради кои мотиви, собирањето на прислушуваните телефонски материјали Јанева одлучи да го комплицира и одолговлекува. Таа ќе мора да и објасни на пошироката македонска јавност, но и на претставниците на меѓународната заедница зошто одбра да го чека Заев доброволно да и ги предаде разговорите кога таа е формирана пред се за оваа цел, да ги истражи незаконски прислушуваните разговори. Како е можно да одлучи да чека да и бидат доброволно предадени основните материјали заради кои таа е формирана, заради кои таа ги оправдува својата работа и милионскиот буџет од нашите, државни пари? Сега кога се виде дека материјалите се наоѓаат и кај трети лица дали не чувствува професионална одговорност за одлагањето? И на правните лаици им е јасно дека чекањето на Јанева е правно неиздржано, правно нелогично и излегува од законските рамки на постапувањето на обвинителката. Нејзиното непостапување, или нејзиното молчење во однос на случајот за кој е задолжена да го реши, ја вовлекува и Јанева во спиралата на кривичната одговорност. Кривичната одговорност може да се поврзе со два члена од Кривичниот законик, чл.353 злоупотреба на службената положба и овластување, посебно во делот дека е нанесена штета на неколку десетици  илјади граѓани. Кривичната одговорност може да се поврзе и со член 353-а несовесно работење во службата, посебно бидејќи со своето непостапување таа и нејзиниот тим нанесува огромна штета на неколку илјадници граѓани што се директно предмет на сторените казниви дела, како и штета на државата поради пропуштање должен надзор во вршење на своите овластувања и должности, вели Каракамишева-Јовановска за Курир.
Пандов вели дека станува збор за недржавно однесување на Катица Јанева и дека таа должи одговори.
– Што прави Каица Јанева да го спречи ова? Ќе побара ли Катица асистенција од полицијата да и ги обезбеди разговорите од Заев или договорот им е инаков? Конечно си го поставувам прашањето, кое што верувам дека на секој еден во Македонија му се врти во главата, а тоа е има ли кој да контролира и спречи ваквото недржавно однесување на специјалното обвинителство или народот треба правдата да си ја земе сам во раце? Свесна ли е Јанева дека на народот му е дојдено преку глава и од бомби и од Верушевци и од црпнати и дека трпението му е пред крај и прашање на време е кога ќе и се соберат пред нејзиното обвинителство да ја прашаат дали таа за 4 милиони евра работи како обвинителка или како адвокат на Верушевски, Заев и бандата им, заклучува Пандов.Катица Јанева не ја работи својата должност, туку функционира во тесна поврзаност со СДСМ. Ова е впечатокот кој го имаат експертите за специјалната

Пронајдете не на следниве мрежи: