ЕКСПЕРТИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ: Путин би можел да биде поопасен во 2015 година. Еве зошто!

Поголем дел од Русите не патуваат во странство, не поседуваат викендици во Европа, ниту хипотеки. Да биде уште поинтересно, просечен Русин поседува физичка и ментална цврстина за снаоѓање во тешки времиња, која Западот никако не може да ја разбере.Со драматичниот пад на цената на нафтата, колапсот на рубљата и притисокот со западните санкции, Русите влегуваат во новата година во драматично поинаква и ослабната економска ситуација во однос на онаа од почетокот на годината, пишува Business Insider.
Тоа би можело да предизвика потешкотии за Русите, бидејќи Москва напоменува дека ниската цена на нафтата би можела да се одржи до 2030 година. Русија во никој случај не е блиску до економскиот колапс кој ѝ се има случено во деведесеттите години, кога сиромашните Руси беа на работ на егзистенцијата.
Сепак, невозможно е да се негира дека се случија значајни промени во Кремљ, по економското дејствување на Западот поради руската „агресија“ во Украина.
Иако Русија поседува повеќе резерви, отколку последниот пат кога рубљата се најде на дното во 1998 година и иако е јасно дека Москва се обидува да спречи банкрот, постои зрак оптимизам во кругот на Путин.
Русија сега се соочува со продолжена и сериозна финаниска криза која има поголеми шанси да се влоши, отколку да се подобри. Сепак, дали оваа ситуација е доволна да го натера Путин да ја напушти канцеларијата? Западните политичари кои се обидуваат да избегнат директен судир со Русија, претпоставија дека санкциите ќе го примораат Путин да се повлече и од Украина и од другите места, но таквата претпоставка е под знак прашање.
Санкциите предизвикаа негодување кај Јужна Африка, чија елита повеќе не е добредојдена во Лондон, но што се однесува на Путин и Русија – санкциите како да не постојат.

Економската војна, која предизвикува потешкотии меѓу просечните граѓани, повеќе создава агресија отколку што ја спречува. Засега не постојат индикации дека Путин има намера да се повлече од Украина поради санкциите. Важно е да се напомене дека тој води искрена политика која е широко прифатена од Русите. Тој не направи ништо илегално во Крим и во источна Украина. Тој само ја штити Русија и етничките Руси, што претставува легитимен национален интерес. Русите сметаат дека Америка е таа која го има извалкано својот образ, а токму таа ги именува легитимните акции на Русија како „агресивни“. Русија ќе продолжи да се бори против расипаната игра и да дава отпор на западните санкции, кои ја казнуваат поради тоа.
Путиновите изјави од овој месец, посочуваат на тоа дека повлекувањето не е опција. Тој, на конференцијата за новинари минатата недела го обвини Западот поради финансиската криза, ветувајќи дека економијата ќе се подобри со текот на времето.
Тој, на свој начин опиша дека Западот сака да ја зароби „руската мечка“, но дека таа нема да седи мирно, туку ќе го брани својот суверенитет.
Со оглед на тоа дека Русија не е лесна мета, Западот почнува да се служи со шпионажа и со субверзија. Нивниот еквивалент се остварува преку ниски удари низ лаги и фалсификувања. Но, Русија знае да ги искористи за себе. Путин е исто така подготвен да прати руски шпиони да ги неутрализираат сите оние кои ѝ прават проблеми на Русија. Така, сосема е можно руските тајни служби да се пренасочат кон извлекување на строго чувани информации од НАТО и ЕУ. Западот би можел да очекува и своевиден руски тероризам, бидејќи Путин готово сигурно ќе ги казни оние кои ги обвинува за политичко-економски колапс.
Сѐ од сајбер напади, бомбардирање, па и до убиство на истакнати западњаци би можело да се земе во предвид како можно сценарио.
Меѓутоа, НАТО и ЕУ сѐ уште не се подготвени да се борат во оваа „специјална војна“ и да ги победат Русите, иако  на големо најавуваат дека се подготвени да ја нападнат Русија. Тоа се приказни кои завршуваат во ветер.
Путин ги надигра САД и ЕУ. Русија заработила 20 милијарди долари и повратила 30% од акциите од своите фирми кои биле во рацете на странски тајкуни!Со драматичниот пад на цената на нафтата, колапсот на рубљата и притисокот со западните санкции, Русите влегуваат во новата година во драматично по

Пронајдете не на следниве мрежи: