За СДСМ е прифатливо земјава да го промени своето име во Горна Македонија. Овој став вчера го искажа Љубомир Фрчкоски, кој беше кандидат за претседател на земјава, поддржан од Бранко Црвенковски.
Скандалозно е што партија која претендира да дојде на власт, дава предлози кои се слични на идеите на Грција. Ваквата промена на името треба да го промени и уставот на нашата земја, а самото тоа носи и целосна промена на идентитетот.
Очекувано е нашиот јужен сосед да дава вакви барања, но загрижувачко е ваквото искажување на ставовите од страна на најголемата опозициска партија. Љубомир Фрчкоски вчера изјави дека за нас клучот е Горна Македонија.
– Не Горна Република Македонија, за нас е клучот Горна Македонија, тоа е ознака на државата. Тоа прави разлика, ова другото е зафрканиција. Кај идентитетот ние мора да се држиме до Македнци за јазикот и нација, тука нема дилема. Тоа ние не можеме да го одбиеме, зошто тоа не го ремети нашиот идентитет на ниеден разумен начин, изјави вчера Љубомир Фрчкоски.
За експертите како и ниту една друга, ни опцијата Горна Македонија не е прифатлива. Се губи целиот концепт на идентитетските прашања. Голем познавач на состојбите, во изјава за Курир му порачува на Фрчкоски „Ако мислите дека во фуснота завршуваат идентитетските прашања, се лажете“.
Ставот на Фрчкоски е став на СДСМ, ова се грчки, а не македонски предлози
„Секое име пред Македонија, ќе ни нанесе голема штета, и национална и идентитетска. Придавката можат Грците да си ја предлагаат. Сите тие предлози за придавките, тоа се всушност грчки предлози. Северна, вардарска, горна и така натаму. Тоа нас не ни одговара и не верувам дека јавноста ќе прифатат каква и да е таква солуција“, вели професорот Димитар Мирчев во изјава за Курир.
Другите политички аналитичари кои ги контактиравме покажаа збунетост од ваквите ставови на човек кој своевремено се бореше да стане прв човек на државата. Нема сомнеж дека ова е став на неговата матична СДСМ, велат тие.
Аналитичарот Ивица Боцевски потсетува на сите промени во ставовите искажани од Фрчкоски и СДСМ во врска со проблемот со името. Во изјава за Курир, тој посочува дека опозициската партија своите ставови за името се менуваат почесто од чорапи.
„Прво, јас не знам за која изјава околу името на Фрчкоски зборуваме, дали за оваа дека „Горна Македонија“ е поприфатлива од „Горна Република Македонија“, дали за изјавата дека секој што ќе преговара за „Горна Македонија“ е предавник од пред некоја година, дали за изјавата дека по признавањето на Македонија од САД треба да ги прекинеме преговорите затоа што следи домино признавања од многу земји и слично. Во естрадниот круг околу СДСМ („интелектуалци“, „аналитичари“, „новинари“ и други естрадни уметници) изјавите за нивниот став околу името се менуваат почесто од чорапи, па тешко е да се следи која е најновата сезонска изјава околу нивниот став за името.Во секој случај оваа партија и натаму е заложник на едно свое екстремно крило кое што смета дека тие ќе се вратат на власт само во случај на странска интервенција и промена на демократски избрана власт како резултат на таа интервенција. Сите овие пораки се пораки до некакви замислени странски партнери дека тие ќе испорачаат и промена на името, само доколку им се овозможи да дојдат на власт. Меѓутоа, тоа што тие не го сфаќаат е тоа што сега е 2013 година и не се 1990-тите, а оние сили што се способни да изведат таква операција на промена на демократски избраната власт во Македонија секако дека веќе не сакаат да врзуваат луѓе, пари и време во сосема беспотребни проекти на Балканот. Инаку, и јас би бил пресреќен конечно да го слушнам дефинитивниот став на СДСМ околу прашањето за името“, вели Боцевски за Курир.
Изјавата на Фрчковски е како прераскажан став од страна на Грција. Досега неколку пати бевме соочени со идентични ставови меѓу македонската опозиција и грчката десница, но најголема штета се нанесува кога нивните ставови за промена на името почнаа да се поклопуваат.
Јавно е познато дека токму Фрчковски, за кој Горна Македонија е прифатливо решение, беше кандидат за претседател на СДСМ. Неговите ангажмани во СДСМ се познати и во други случаи. Тој беше еден од членовите на опозициската партија во работната група формирана за настаните од 24 декември, а е и актуелен член на повеќе партиски совети, меѓу кои и дипломатскиот совет на СДСМ.
Ваквата порака од СДСМ ќе биде повеќе од добредојдена за Грција, како и дополнителен мотив за нови опструкции кон Македонија на нејзиниот евроатланскиот пат на земјава, за кој единствена пречка претставува спорот со името.Овој став вчера го искажа Љубомир Фрчкоски, кој беше кандидат за претседател на земјава, поддржан од Бранко Црвенковски.
Скандалозно е што