сабота, 28 ноември 2026
Најново

Експлозија пред ноќен клуб во Малме

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Моќна експлозија одекна рано изутринава пред ноќен клуб во шведскиот град Малме и предизвика голема материјална штета.Влезот на „Бабел“ клубот е целосно разурнат, и засега нема информации за евентуално повредени лица.

Очевидец на настанот напиша на Твитер дека пред ноќниот клуб одекнала бомба. „Неколку експлозии се слушнаа на местото на настанот“, напиша тој на Твитер.
Областа со часови беше блокирана, откако полицицајци и припадници на единицата за спречување и деактивирање бомби. Експлозијата се слушнала во поголемиот дел од градот.
– Во моментов не знаеме што ја предизвика експлозијата. Знаеме само дека предизвика голема материјална штета, изјави официјален полициски претставник.
Полицијата е во потрага по сведок од настанот кој би ги потврдил тврдењата дека бил забележан маж на мотор, како брзо заминува од пред клубот, непосредно пред експлозијата.Влезот на „Бабел“ клубот е целосно разурнат, и засега нема информации за евентуално повредени лица.

Поврзани вести