ЕКСПРЕС БРЗ РУЧЕК…Уште една идеја како да го искористите стариот леб

Уште една идеја како да го искористите стариот лебСостојки:
150 гр сирење или кашкавал – гауда
150 гр шунка (за пица)
3 јајца
20 гр пармезан
150 гр кисела павлака
1 лажица вегета
магдонос, сол, бибер
8 кришки леб
100-200 мл млеко
Подготовка:
Сирењето или кашкавалот гауда изрендајте го на ренде, шунката исечете ја на парчиња.
Јајцата изматете ги со виљушка и во нив додадете сирење, шунка, магдонос, ренданото сирење, сол, бибер, вегета и кисела павлака.
Измешајте во еднаква густа, кашеста смеса. Секоја кришка леб натопете ја во млеко и ставете во намастен плех.
На секоја кришка леб, ставете една полна лажица од смесата и ставете да се пече во загреана рерна на 180С, додека убаво не се запече.
Послужување:
Ако послужите со омилената слалата, ќе имате одличен ручек или вечера.
Добар апетит.
Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети, животни искуства и сл., може да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на ФЕЈСБУК.Состојки:
150 гр сирење или кашкавал – гауда
150 гр шунка (за пица)
3 јајца
20 гр пармезан

Пронајдете не на следниве мрежи: