Елбарадеи: Изборите во април ќе го одведат Египет во хаос

Одржувањето на парламентарните избори во април во Египет ќе ја одведе земјата во хаос, предупреди во неделата Мохамед Елбарадеа, една од главните личности во египетската опозиција.Според Мохамед Елбарадеи, добитник на Нобеловата награда за мир во 2005 година и поранешен челник на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA), кој претходно во саботата повика на бојкот на парламентарните избори во Египет нагласувајќи дека не сака да учествува во „чин на измама“,  ги спомна притоа и појавите на тортура, грабнувања и недостигот од социјална правда кои го карактеризираат сегашното египетско општество.Да се истрае во таквите околности на избори, може да ја одведе земјата на „патот на целосен хаос и нестабилност“, изјави Елбарадеи за британскиот радиодифузер BBC.Египетскиот претседателот Мохамед Морси го промени во саботата датумот на започнувањето на одржувањето на парламентарните изброи коишто ќе се одвиваат во четири етапи, по протестите на коптската христијанска заедница бидејќи во периодот од првичниот датум 27-ми април се паѓаат нејзините важни празници.Сега за почетокот на изборите е одреден датумот 22-ри април. Гласањето би требало да овозможи промена на составот на долниот дом од египетскиот парламент кој беше распуштен во јуни 2012 година,по одлуката на Врховниот уставен суд која доведе до поништување на мандати од претходните парламентарни избори.
МакфаксОдржувањето на парламентарните избори во април во Египет ќе ја одведе земјата во хаос, предупреди во неделата Мохамед

Пронајдете не на следниве мрежи: