среда, 25 ноември 2026
Најново

Емил Димитриев во нова посета на Смилковци

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Сликата во скопско Смилковци кои беше погодено од поплавите се менува.  Од ден по поплавите до денес разликата на терен е огромна и напредокот кој е постигнат во однос на санацијата на штетите е значителен. Жителите на Смилковци се благодарни за брзата реакција на институциите и се она што било направено за нив во изминативе денови.Нив денес ги посети премиерот Емил Димитриев кој заедно со министрите за транспорт и врски и внатрешни работи Владо Мисајловски и Митко Чавков, изврши и увид во активностите за санација на штетите од поплавите.
Мештаните изразија благодарност до премиерот, до сите институции, како и до градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски за кого рекоа дека за се им излегол во пресрет. Во Смилковци отворени се сите патишта, а граѓаните добија и струја.
Димитриев информираше дека од поплавените подрачја земени се мостри од почвата кои ќе се испратат на анализа за истата да се провери. Дополнително беше истакнато дека каналите е расчистуваат и во иднина ќе продолжат да се чистат и одржуваат. Во еден од каналите во Смилковци веќе се заменети старите цевки со нови поквалитетни.
Се санира и игралиштето во Смилковци каде планирано е да се одржи хуманитарен турнир од кој собраните средства ќе се донираат за поплавените подрачја.Нив денес ги посети премиерот Емил Димитриев кој заедно со министрите за транспорт и врски и внатрешни работи Владо Мисајловски и Митко Чавков, изв

Поврзани вести