ЕМОТИВНО ВИДЕО: Првата средба на овие две девојки кои ја делат истата судбина, трогнаа милиони луѓе низ светот!

Сара и Пејџ негувале неверојатно пријателство, иако никогаш се немале сретнато лице в лице. Нивното пријателство без да се видат траело 8 години. На почетокот двете девојки ги поврзувало само едно нешто – секоја била родена со нецелосно оформена лева рака.Но, како што минувало времето, нивното пријателство станувало сè посилно, и покрај тоа што биле раздвоени од 13.000 километри (едната живее во Индијана, САД, а другата во Нов Зеланд).
Нивната приказна започнала уште додека Сара не била родена. Нејзината мајка во бременоста дознала дека малата Сара ќе биде родена со нецелосна лева рака, па преку интернет се обидела да пронајде семејство кое се соочува со истата ретка здравствена состојба. Така го пронашла семејството на Пејџ.
Родителите на двете девојки долги години разменувале писма и фотографии. Кога Пејџ и Сара пораснале, започнале да градат силно пријателство преку мејлови, телефонски повици и Skype.
Набрзо тие започнале да споделуваат сè една со друга – модни совети, совети за олеснување на животот, работи за кои не им било лесно да разговараат со другите пријатели.
Откако од Skype слушнале за Сара и Пејџ, одлучиле не само да ја раскажат нивната приказна, туку и да им исполнат една голема желба – првата средба.
Погледнете го емотивното видео:
Но, како што минувало времето, нивното пријателство станувало сè посилно, и покрај тоа што биле раздвоени од 13.000 километри (едната живее

Пронајдете не на следниве мрежи: