Појавата на карцином, е се почесто застапена особено кај најмладата популација. Направени се многу студии за да се откријат причинителите на оваа појава. Клиниката за Педијатриска Онкологија во Дизелдорф иницираше една опсежна студија каде што се вклучија научници од пошироката меѓународна заедница. Добиените резултати ни открија дека храната денеска во голем број на случаи е технолошки обработена и мртва таа мора да содржи токсични хемикалии кои на различен начин ќе го продолжат нејзиниот рок на траење, ќе го подобрат нејзиниот мирис и вкус и ќе го променат нејзиниот изглед и боја. Овие хемикалии се нарекуваат емулгатори и имаат ознака Е после која стои соодветен број. Доколку водите грижа за своето здравје би било пожелно да ги избегнувате.
– Е102, Е104, Е110, Е123, Е128, Е129 – Овие емулгатори се отровни и забранети во САД и повеќе европски земји. Може да се сретнат во гумени, чоколадни и сите останати видови на бонбони, разни видови на пудинзи, замрзната риба, млечни кремови за готвење, топени сирења и сосови.
– Е250 – Натриум нитрит и Е251- Натриум нитрат – предизвикуваат рак на желудникот и особено се присутни во сите видови на конзервирано месо, сувомеснати производи и колбаси
– Е211 – Натриум бензоат – Ја оштетува човековата ДНК и предизвикува Алцхајмерова болест и оштетување на црниот дроб, Присутен е во повеќето безалкохолни, газирани пијалоци и Кока Кола веќе почна да го исфрла, но за жал во некои од своите пијалоци и тоа прво и успеа со диеталната кола во Британија.
– Е951 – Аспартам – го оштетува мозокот и предизвикува губиток на меморија па се до тумори на мозок. Овој засладувач е 200 пати посладок од шеќерот и особено се користи во “диеталните” производи без шеќер како безалкохолни пијалоци со наставките “Diet” или “Light” и во разни видови мастики и бонбони.
– Е621 – Монатриум глутмат – многу силно ги надразнува и стимулира нервните клетки и на тој начин трајно ги оштетува. Затоа зможе да предизвика развој на повеќе неуродегенеративни заболувања како Алцхајмеровата Паркинсовата и Хантингтоновата болест. Го има како подобрувач на вкусот на повеќето солени производи како чипсови и грисини скоро во сите видови на супи како и во повеќето зачини за готвење од типот на вегета.
И нормално е дека ќе го поставите прашањето како обичниот граѓанин може да се заштити од моќта на оваа гигантска индустрија и трката за што поголем профит?
– Прво за да не ја влошувате состојбата и понатаму, започнете да внимавате што внесувате во себе. Имено во последно време законската регулатива ги обврзува производителите да на самиот производ го опишат неговиот состав и емулгатори присутни во него. Така со проверување што внесувате, може значително да го подобрите вашето здравје.
– Второ секогаш носете го со вас списокот со најчестите токсични супстанци. Еве повелете потребно е само да го испечатите!
E102, E104, E110, Е120, E122, E123, Е124, E127, E128, E131, E132, E133, E142, E150, E151, E153, E154, E171,E173, E210, E211, E213, E214, E215, E216, E217, E220, Е221, Е224, E223, Е230, 231, E232, Е233, E239, E249, E250, Е251, E284, E285, E308, E310, E311, E312, E320, E321, E 330, Е338, Е339, Е340, Е341, E407, Е450, Е461, Е463, Е465, Е466, E472, E473, E512, E553, E 620, E621, E622, E626, E 942, E950, E951, E952, E954, E1440Појавата на карцином, е се почесто застапена особено кај најмладата популација. Направени се многу студии за да се отк