Ен-Би-Си не ја фиромизира Македонија на отворањето на ЗОИ

Американската телевизиска мрежа Ен-Би-Си не ја фиромизира Македонија во преносот од свеченото отворање на 23. Зимски олимписки игри во Пјонгчанг како што стори официјалниот спикер на стадионот, а во кругот на теренот беше испишана референцата од Обединети нации на корејски, на англиски и на француски јазик, туку ја именува земјата само со „Македонија“.На телопот на Ен-Би-Си пишуваше „Македонија“ и кога во кадарот се најде македонскиот знаменосец Ставре Јада, праправнук на претседателот на Крушевска република, Никола Карев.
Двете фотографии ги сподели Обединета македонска дијаспора (ОМД) на својот профил на „Твитер“.
Токму 19-годишниот нордиец Јада, кој во Јужна Кореја дојде со исполнета А-норма, во вторник прв од тричлениот македонски тим ќе се појави на Олимпијадата, кога ќе настапи во крос-кантри спринтот. Крушевчанецот е пријавен и за трката на 15 км.
Во четврток олимписко деби ќе има и 17-годишната Викторија Тодоровска во трката на 10 км, а во своето трето учество на олимпијадите алпскиот скијач Антонио Ристески (28) ќе се натпреварува во дисциплините слалом и велеслалом.На телопот на Ен-Би-Си пишуваше „Македонија“ и кога во кадарот се најде македонскиот знаменосец Ставре Јада, праправнук на претседатело

Пронајдете не на следниве мрежи: