Шејковите се одличен избор за здрав појадок или ужина, бидејќи го снабдуваат телото со важни хранливи материи, не го оптоваруваат желудникот со варењето на храната и го освежуваат вашето тело за време на топлите денови.Било која комбинација од состојки ја преферирате во склоп на вашиот шејк, во него секогаш е добро да додадете малку спанаќ.
1. Спанаќот ви дава сила
Попај со истотмениот и популарен цртан филм, „пукаше“од енергија и сила по консумирање на овој зелен лиснат зеленчук. Неодамнешните студии покажаа дека причината за ова лежи во нитратите кои го подобруваат мускулниот тонус и ја даваат многу потребната енергија.
2. Спанаќот буди
Дали сте еден од оние луѓе кои често се чувствуваат уморени и заморни и по долго спиење? Недостатокот на железо во телото може да го бјасни овој феномен. Спанаќот е природен извор на овој важен минерал.
3. Вкусот на спанаќ може да се”маскира”
За разлика од зелката која има доминантен вкус во шејковите, вкусот на спанаќот е тешко да се открие во комбинација со други состојки. Лисјата само ќе му дадат исклучително зелена боја, но нема да се чувствува вкусот. Не верувате? Додадете спанаќ во шејк од чоколадо и банани, и ќе се разубедите.
Идеја за здрав шејк:
Потребни состојки:
1 замрзната банана
200 грама свеж спанаќ
100 мл ниско-масен јогурт
1 шоља чоколадно бадемово млеко
и прстофат на цимет
Измешајте ги сите состојки и да уживајте во вкусот. На здравје!Било која комбинација од состојки ја преферирате во склоп на вашиот шејк, во него секогаш е добро да додадете малку спанаќ.
1. Спан



