ЕНЕРГЕТСКИ ВАМПИРИ: Како да ги препознаете и како да се заштитите од нив?

Ако се свртиме околу себе ќе видиме дека сите луѓе со кои доаѓаме во контакт може да се поделат во три групи. Во првата група се оние со кои се чувствуваме добро и обично тоа се оние со кои комуницираме на рамноправна основа и кои што ги сметаме за добри пријатели и блиски членови на семејството. Во втората група ќе бидат луѓето за кои можеме да кажеме дека се неутрални. Со нив обично немаме големи доpирни точки ниту пак тие влијаат на промени во нашите животи. Во третата група се наоѓаат личности кои во поголем дел од случаите исцрпуваат на секаков можен начин, нивните зборови тежат како цигли, нивната енергија е неподнослива а нивното присуство е со толку голем негативен набој така што тоа ни пречи дури и кога ги слушаме по телефон. Веројатно сметате дека таквите личности обично ги избегнуваме но вистината е полоша. Многу луѓе се наоѓаат во токсични врски со личности кои живеат и се посилни благодарение на кражбата на животната енергија на другите околу нив.Врските секогаш се полни со размена на енергии. За да се чувствуваме добро мора да се запрашаме, кој ни дава енергија а кој ја исцрпува од нас? Многу е важно да бидеме опкружени со луѓе кои ни даваат подршка, емотивни личности кои ни создаваат чувство на сигурност. Исто така важно е да откриеме кои се енергетските вампири во нашето опкружување кои ни ја црпат енергијата.
По нивниот напад се чувствуваме дека сме го допреле дното на своето постоење.
Како енергетските вампири ја цицаат енергијата?
Енергетските вампири често се луѓе со ниска самодоверба, на кои нон-стоп им треба рамо за плачење. Тие често се незадоволни од својот живот, депресивни се и имаат недостаток на енергија. Овие луѓе го бараат вашето внимание, совети, знаење и мислења, но во тој процес тие несвесно ви ја одземаат енергијата. Овие неколку работи ќе ви помогнат да ги препознаете и избегнете енергетските вампири:
Прочитајте повеќе кои се идеалните професии на енергетските вампири!
Како што спомнавме погоре, овие луѓе само бараат нешто од некого. На пример, некој пријател кој постојано се јавува кога му треба нешто. Ова се типови на пријатели кои дефинитивно би требало да ги избегнувате. Ќе се почусвтвувате многу подобро кога ќе ја прекинете таа токсична врска.
Доколку влегувате во некоја просторија, обрнете внимание како се чувствувате. Ако ненадејно се почуствувате лошо и исцрпено, големи се шансите дека во просторијата се наоѓа некој енергетски вампир.

Заштита и опоравување од таквите луѓе
Свесност: медитирајте и вежбајте си го дишењето за да ги зајакнете духовната свест и интуицијата. Така полесно ќе ги откривате негативните луѓе од вашето окружување.
Одморајте се, јадете и опуштете се: ако се чувствувате исцрпено и изморено по средбата со одредена личност, најефикасните работи кои би требало да ги направите е да спиете, јадете и да се релаксирате. Енергетскиот циклус ќе ви се регенерира во рок од една недела. На сето ова додадете и полесни вежби за вежбање во вашата секојдневна рутина, со цел да ја зајакнете вашата природна одбрана против ваквиот тип на луѓе.
Прекинете го циклусот: доколку верувате дека сте нападнати од енергетски вампир и сакате да го блокирате да се храни со вашата енергија, скрстете ги нозете или рацете.
Чистење на аурата: следниот пат кога ќе се бањате или туширате, дишете длабоко и потрудетете се да визуализирате како водата навлегува низ вашите пори и ги чисти сите негативни влијанија.
Овде можете да прочитате повеќе за првата појава на енергетските вампири и што всушност претставуваат тие!
Сите припадници на Темната тријада (психопат, нарцисоидна личност и макијавелист) како и оние кои имаат карактерни пореметувања што претходно ги спомнавме, се емоционални вампири. Крал на вампирите би бил есенцијален психопат- социопат бидејќи таквата личност не само што се храни со енергија туку и ги уништува туѓите животи.
Ако зборуваме за патокрација – владеење на психопати што се наметнува во сите облици на политичко и социјално организирање, од демократија до непотизам, јасно ни е дека живееме во општество во кое владеат вампирите. Треба ли воопшто да ни биде чудно што живееме во општество кое боледува од мамурлак предизвикан од се поголем број гризнувања на крвопиите? Крвопии што исцицуваат цели држави, ги уништуваат глобалните ресурси и природата а од нас создаваат дивеч за лов.Врските секогаш се полни со размена на енергии. За да се чувствуваме добро мора да се запрашаме, кој ни дава енергија а кој ја исцрпува од нас? Мно

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.