Насловен како „Back to the Moon for good – The new space race“, мини-документарниот филм на Гугл треба да даде дополнителни информации за наградата која беше ветена за оние кои први ќе дизајнираат вселенско летало кое ќе се приземји на Месечината.Наратор во филмот е Тим Ален, а 24-минутниот документарец е адаптиран за Јутјуб. Дејствието на филмот ги води гледачите на патување низ историјата на истражувањето на Месечината, содржи 3Д технологија, разни инфографици и одлично дизајнирани анимации кои гледачите ќе ги сместат во самиот центар на случувањата.
Обично досадните теми – како што се објаснувањата зошто ресурсите на Месечината би можеле да бидат значајни за идните вселенски мисии, целосно оживуваат благодарејќи на живописноста на филмот.
Освен запознавањето на луѓето со идните планови за освојувањето на Месечината, овој филм може да содржи и индикации дека Гугл сериозно размислува да се прошири и во филмската индустрија.
Секако дека гледањето на филмот на Јутјуб не може да се спореди големите блокбастери, но во 24-минутното патување низ вселената ќе бидете во можност да погледнете прекрасни глетки од вселената и ќе видите дека филмот воопшто не е лош.Наратор во филмот е Тим Ален, а 24-минутниот документарец е адаптиран за Јутјуб. Дејствието на филмот ги води гледачите на патување низ историјата