среда, 25 ноември 2026
Најново

Ердоган ги повика турските Курди да ги поддржат уставните измени

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган синоќа на митинг во градот Дијарбекир себе си се прогласи за „чувар на мирот“ и ги повика Курдите во Турција на референдумот на 16 април да ги поддржат уставните измени, со кои се зголемуваат надлежностите на шефот на државата.– Подготвени сме да разговараме (за мир) и да се здружиме со секој кој има да каже нешто или има некаков предлог. Но, имаме само еден услов – тој да не држи оружје во рацете, порача Ердоган на собирот во Дијарбекир, каде мнозинството од жителите се Курди.
Ердоган не пропушти и да ја нападне курдската Демократска партија на народите (ХДП), која се противи на уставните измени, обвинувајќи ја дека е „продолжена рака“ на бунтовничката Курдската работничка партија (ПКК).
– Тие поддржувачи на ПКК постојано повторуваат „мир, мир, мир“. Но, дали празните зборови носат мир? Може ли да има мир со оние што држат оружје во рацете? Ние сме чивари на мирот, ние сме чувари на слободата, истакна Ердоган во обраќањето.
Тој побара од Курдите да ги поддржат уставните измени, бидејќи како што рече, на земјата и треба „силен претседател за да се избегнат досегашните кревки коалициски влади“.
Повикот на Ердиган доаѓа во време на најжестоки судири меѓу турските безбеднсни сили и курдските бунтовници во југоисточна Турција, по пропаѓањето на примирјето во 2015 година.
Аналитичарите проценуваат дека поддршката на Курдите би можела да биде клучна за усвојување на уставните измени на кои инсистира Ердоган.– Подготвени сме да разговараме (за мир) и да се здружиме со секој кој има да каже нешто или има некаков предлог. Но, имаме само еден услов &

Поврзани вести