Ердоган: Таксим ќе се „расчисти“ од демонстрантите за 24 часа

Турскиот премиер Реџер Тајип Ердоган изјави дека во следните 24 часа плоштадот Таксим во Истанбул ќе се расчисти од „немирите“. 
Предупредувањето доаѓа за помалку од еден ден откако происламската партија на Ердоган, Партијата на правдата и развојот, предложи план за одржување референдум за проектот за реконструкција на паркот Гези, кој се наоѓа до плоштадот Таксим, што доведе до масовни протести.
Според турските медиуми, премиерот веќе му издал наредба на Министерството за внатрешни работи „во рок од 24 часа да им биде ставен крај на дејствијата на провокаторите кои се судруваат со полицијата“.
Покрај тоа, премиерот на Турција изјави дека нема да прифати резолуција на Европскиот парламент за случувањата во земјата. 
 Турскиот премиер Реџер Тајип Ердоган изјави дека во следните 24 часа плоштадот Таксим во Истанбул ќе се расчисти од &b

Пронајдете не на следниве мрежи: