Ердоган: Турција решително ќе одговори на вчерашниот напад

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и германската канцеларка Ангела Меркел остро го осудија нападот во кој загинаа 28 лица, а повеќе од 60 лица се повредени. Осомничен за нападот е Сириец, кој во Турција влегол со бегалците од СиријаТурскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вели дека Турција решително ќе одговори на вчерашниот напад во кој  со автомобил-бомба врз армиски автобуси во центарот на Анкара загинаа најмалку 28 лица, а повеќе од 60 лица се повредени.„Важно е да се знае дека Турција во ниту еден момент нема да се двоуми, насекаде и при секој повод да го употреби своето право на законска одбрана. Ќе продолжиме сѐ порешително да се бориме против пионите, кои извршуваат вакви напади и не знаат за морал и за хумани граници, како и против силите кои стојат зад нив“, се наведува во соопштението објавено од прес-службата на претседателот. Повеќето од убиените и ранетите во вчерашниот атентат се турски војници и офицери.
Се уште не е познато кои се извршителите на атентатот. Турски провладин весник објави дека за нападот осомничен е Сириец, идентификуван на основа на отпечаток од прст, но оваа вест засега не може да се потврди. Според весникот, бомбашот е идентификуван како Сали Недџар, за кого се верува дека влегол во Турција со бегалците од Сирија.
Осуди за нападот стигнуваат од сите страни.

– Изјавувам пред турскиот народ дека ние како Германци ја споделуваме со вас вашата мака. Во битката против извршителите на тој нечовечки акт ние сме на страната на Турција – рече германската канцеларка Ангела Меркел и додаде дека во мислите е со семејствата на жртвите и ранетите.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, остро го осуди терористичкиот напад во Анкара. Тој преку соопштение посочи дека нема оправданија за такви грозоморни чинови и оти сојузниците од НАТО се рамо до рамо во борбата против тероризмот. Столтенберг им изрази длабоко сочувство на семејствата на убиените и на турскиот народ.
САД, исто така, остро ги осудија терористичките напади против турски војници и цивили денеска во Анкара, изјави во Вашингтон портпаролот на Стејт департментот, Марк Тонер.
– Им изразуваме сочувство на семејствата и им посакуваме брзо закрепнување на ранетите. Го потврдуваме здравото партнерство со Турција, наш сојузник во НАТО во борбата со терористичките закани – рече Тонер.

Поради бомбашкиот напад, откажан е мини-самитот посетен на мигрантската криза, на кој требаше да се состанат 11 земји-членки на ЕУ и Турција.
Сега за сега никој не ја презеде одговорноста за нападот. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вели дека Турција решително ќе одговори на вчерашниот напад во кој  со автомобил-бомба врз армиск

Пронајдете не на следниве мрежи: