ЕРИК ОД РУЉА

Македонската историја педантно забележала десетици обиди во кои, претставниците на македонската интелегенција карактеристични за своето време, се обидувале со дописи, меморандуми, апели и иницијативи да допрат до донесувачите на одлуките (најчесто големите сили), за да издејствуваат какви-такви поволности за својот народ.Во принцип овие акти биле силен  израз на национален занес, но за жал и израз на неискуство и политичка наивност, па така голем дел од овие обиди останале на маргините на случувањата од причина што одлучувачите најчесто имале свои планови за Македонија и Македонците. Низ ваквите форми на општење почнувајќи од Филип и Александар, преку Џинот, Ѓоргија Пулески,Чуповски, Македонската Револуционерна Организација па се до  АСНОМ и современата Македонска држава  – без исклучок се бара некаков бенефит, некакво олеснување за народот и државата.
Од друга страна и покрај тоа што во Македонија, на целата нејзина етничка територија, како на никое друго место во светот се евидентни последиците од пропагандите на соседните земји изразени низ класични форми на братоубиства,завери и предавства.Историјата на Македонскиот народ во  ликовите на Алусијан,Петре Лигушев од Паралово, Кoте од Руља и многу други ќе го препознава деветтиот круг од Дантеовиот “Пекол” во кој се сместени предавниците како врховен морален, општествен и политички грев. Предавството е категорија во која тешко се наоѓаат олеснителни околности, или можеби како таква може да се смета изостанувањето на писмен документ  со кој тоа (предавството) би било документирано. Средината на втората деценија од дваесет и првиот век, за нас Македонците за жал добива  посебно значење, кое по својот негативен контекст бездруго ќе остане запаметено во аналите на перманентниот Македонски автонихилизам. За прв пат во историјата на Македонија сведочиме настан во кој човек со име и презиме Кире Наумов во име на (вечно) опозициониот СДСМ  пред  една  меѓународна финансиска  асоцијација отворено  застанува против интересите на државата во која живее. Аналитичарите на политичките збиднувања во земјава не се многу изненадени од ваквиот потег на Кире и неговите наредбодавец.  Заштитен знак на оваа  дезориентирана и идеолошки изгубена профитерска камарила, од поодамна е уривањето на сите прерогативи на Македонската држава почнувајќи од нејзината историја, културно наследство,нејзиниот судски систем, Уставот, законите и најзиниот финансиски систем. Без минимум чувство за идниот економскиот развој на земјата, Наумов и политичките остатоци од она што некогаш беше СДСМ   приредија двочасовна журка за “јакнење”  на моралот кај своето членство со проблематизирањето на реализацијата на новата Евро обрврзница која земјава ја реализира на светскиот финансиски пазар. Како впрочем и се останато што како непријатна реа доаѓа од правец на “Бишкарникот на Мирче”, така и најновиот обид на Заев и Наумов за лов во темно заврши неславно во моментот кога од Лондон –  Министерот за финансии Миновски го запали светлото и  соопшти дека  и покрај застојот од неколку часа (поради писмото на Наумов) процесот за издавање на Еврообрврзницата продолжува и се очекува негова успешна реализација. Впрочем како и по секој пораз, тивко е во СДСМ. На  протестите( поради Халкидикизацијата на “шарените” ) не може да се смета, а претставниците на меѓународните (финансиски) институции продолжуваат да и се потсмеваат на дезориентираната СДСМ за немање на  основно познавање во водењето на  макроекономските политики на една земја. Кај и да е поради ваквиот дилентантизам ќе престане и подржката која ја добиваат, затоа што ќе им стане јасно дека капацитетот на оваа структура е надпросечно низок за да предизвика рушење на демократски избрана власт, колку и да не се сметата на народот кој одлучува. Покрај тоа и граѓаните сеуште многу добро се  сеќаваат на “успесите” и “постигнувањата “ на СДСМ во областа на економијата и тоа е засега една од големите причини за јубилејниот десетти пораз кој  им претстои на наредните предвремени избори (кога и да се случат). Овој пат изборите ќе бидат еден вид на референдум, со кој граѓаните ќе одлучуваат дали ќе земаат плати, пензии, социјална помош, а секако и дали се согласуваат со своето уставно име или ќе ја свиткаат кичмата.
Латинската поговорка вели „Proditores etiam iis, quos antepanunt, invisi sunt” или во превод „Предавниците не ги сакаат ни оние на кои им служат”, а јас се согласувам со неа.Во принцип овие акти биле силен  израз на национален занес, но за жал и израз на неискуство и политичка наивност, па така голем дел од овие об

Пронајдете не на следниве мрежи: