ЕРОТСКИ ХОРОСКОП кој ќе ви открие многу ТАЈНИ!
Ова е eротски хороскоп кој ќе ви помогне да ја освоите и дознаете многу повеќе за личноста која ви се допаѓа. Погледнете каков е вашиот избраник, што сака вашата сакана личност и како да ја освоите. Овните постојано сакаат акција, боја со која освојуваат девиците е сивата, додека пак ерогените зони на рибите се нозете и стапалата.
Овен
Овновите се луѓе кои постојано бараат акција и партнер кој ќе може да го следи нивниот брз живот. Секогаш сами превземаат иницијатива, не се срамат да го направат првиот чекор и секогаш знаат што сакаат, поготово во кревет. Партнерот мора да биде доволно силен за да може да му се спротивстави, но и трпелив за да може да ги поднесе сите темпераментни активности и авантури на кој ќе биде подложен. Познати се како освојувачи за брзо време и никогаш не ја пропуштаат можноста која им се укажува. Брзо се “палат” кога некој им се допаѓа, но и многу брзо се ладат и лесно забораваат. Со текот на годините повеќе ја ценат љубовта и кога вистински ќе се заљубат се верни партнери на кои можеш да им се довериш.
Омилен мирис: парфеми со мирис на ванила
Афродизијак: ванила
Ерогени зони: усните, вратот
Кој им одговара? Со неограничена енергија Овновите најмногу си одговараат со Лав и Близнаци. Долги пријателства можат да имаат со Водолија.
Боја со која освојува: црвена
Место за водење љубов: теретана, базени, стадиони
Цвеќе: лале
Бик
Биковите се бескрајно романтични, но подеднакво сакаат страствена врска и авантура. Лесно можете да ги освоите со изглед и слатки зборови за да им го подигнете егото, но вистински ги привлекуваат мускули и добар парфем. Имено, Биковите сакаат се да пробаат, помириснат и да допрат па добриот парфем е неопходен.
За успешно партнерство со Бик треба да имате многу големо трпение. За да започнат сериозна врска им треба многу време да размислат, но кога конечно ќе се одлучат за една личност, подготвени се да направат се за да имаат мирна врска или брак. Сексот им е многу важен и за него одвојуваат многу време.
Омилен мирис: интезивни парфеми со ориентални нијанси
Кој им одговара? Биковите имаат добра врска со Јарци и Девици. Најдобри пријатели бараат во Раковите, додека Водолиите ги фасцинираат, но поради различниот карактер, не можат да се сложат.
Боја со која освојува: виолетова
Афродизијак: масло во комбинација од маслиново масло, ментол и темјан
Ерогени зони: врат, раменици, образи
Место за водење љубов: парфимерии, ресторани
Цвеќе: јоргован
Близнаци
Типичните Близнаци ретко дочекуваат старост со првиот партнер со кого стапиле во сериозна врска или брак. Иако сакаат мир и сигурност, не поднесуваат досада и имаат потреба за промена на партнерите. Созревајќи може да станат верни, но многу тешко одолее на предизвиците.
Поради желбата за промени бараат партнер кој е подготвен да помине низ различни турбуленции, а со текот на времето учат дека љубовта и сигурноста вредат повеќе од предизвиците и новостите.
Близнаците брзо запознаваат нови луѓе и така нови пријателства и врски. Најмногу ги влечат весели луѓе кои покажуваат љубопитност и кои се спремни за дискусија. Тие се мајстори за забава за една вечер.
Омилен мирис: цветен со нијанси на лимон
Афродизијак: кавијар
Ерогени зони: гради, раце
Кој им одговара? Најдобро се сложуваат со Ваги и Водолии, додека бурни односи имаат со Лавовите, а никако не може да ги смислат Шкорпиите и Рибите кои се премногу чувствителни
Боја со која освојува: светло сина, жолта
Место за водење љубов: на пат
Цвеќе: магнолија
ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПОДОЛУ НА СТРАНА 2: 👇
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.