ЕРОТСКИ ХОРОСКОП кој ќе ви открие многу ТАЈНИ!

Јарец
Процесот на созревање кај Јарецот обично трае многу долго. Во младоста е разигран и неоптеретен, но затоа води богат сексуален живот во годините кога другите веќе не размислуваат за најубавата работа на светот. Бракот го чини Јарецот топол и посветен родител, додека самците повеќе се ориентирани на кариера и успех. Песимистичкиот поглед на светот е црната карактеристика на која потенцијалниот партнер мора да се навикне.
Јарците имаат големи очекувања и од себе и од другите, па сепак никогаш не се задоволни. Сакаат амбициозни луѓе, а нивната доверба најмногу може да се придобие со сериозен разговор за заедничка иднина.
Омилен мирис: сандалово дрво
Афродизијак: каранфил
Ерогена зона: колена
Кој им одговара? Биковите и Девиците се добри партнери за Јарците, а Стрелците сепак им се премногу авантуристи за иден заеднички живот
Боја со која освојува: сите земјени бои
Место за водење љубов: голф терени
Афродизијак: каранфил
Ерогена зона: колена
Цвеќе: Нарцис

Водолија
Водолиите по правило треба да се држат на јаже. Иако живеат за љубов, им треба доволно простор и слобода за да ги оствари сите своие креативни идеи и планови. Сакаат се што е необично и немирно, ги фасцинираат контраверзни личности, а контакти ги прави под многу необични околности.
Сите оние кои се луде заљубени во Водолија, мораат да имаат на ум дека таа не може без промени и повремени изненадувања. Не очекуваат огномет и романтична вечер секој ден, но монотонијата им оди на живци. Водолиите се одлични во кревет, ги мрзат ритуалите и ги прескокнуваат сите вообичаени пози.
Омилен мирис: мистичен, необичен, портокал или лубеница
Афродизијак: женсен
Ерогени зони: потколеници и листовите
Кој им одговара? На водолиите најповеќе им одговараат Близнаците и Вагите бидејќи и оставаат доволно простор, со Стрелците се можни возбудливи авантури, а подаелку се држат од Лавовите.
Боја со која освојува: сина
Место за водење љубов: планетариум, концерти
Цвеќе: кактус, ирис

Риби
Таинствените риби знаат како да ги заинтригираат другите и да остават впечаток на неизвеност. Никој неможе да знае со сигурност дали се вистински заљубени или не, а понекогаш ни самите не се сигурни во своите чувства. За љубов сонуваат и денски така што им  е потребен некој кој ќе ги спушти повторно на земја. Дури по подолго време му се препуштаат целсно на партнерот, а во врска бараат многу нежност и трпение.
Можете да ги освоите со нежност и зрелост. Не се склони кон превземање иницијатива затоа што се срамежливи и премногу сакаат кога ги освојуваат. Најмногу од се уживаат во дочекување на зајдисонцето со партнерот, убав разговор во романтична атмосфера.
Омилен мирис: таинствен, јасмин
Афродизијак: анасон
Ерогени зони: нозе, стапала
Кој им одговара: Рибите се сложуваат со Јарци и Ракови, а никако со Девици и Бикови
Боја со која освојува: сина, лила
Место за водење љубов: саем, црква, продавници
Цвеќе: мимоза, орхидеа

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.