Вага
Шармантните Ваги се добродојдени гости на сите забави. Секогаш се во тек со најновите случувања и точно знаат што се случува наоколу. Атрактивни се и љубезни па секогаш имаат многу обожаватели и понуди околу нив. Вагите ги ценат внатрешните вредности, но сепак им е важен и надворешниот изглед.
Многу внимание посветуваат на естетика, ја следат модата и луксузот, а истото го бараат и од другите. Поради високите очекувања тешко пронаоѓаат партнери за подолга врска, но кога ќе ја најдат личност нивната исклучителна адаптибилност им овозможува да ја одржат онаа врска која ќе ја започнат. Никогаш целосно не затвораат врата пред нови познанства па оние кои ги обожуваат никогаш не се сигурно во тоа дали ги освоиле или не.
Омилен мирис: сите ексклузивни парфеми
Афродизијак: пиперка
Ерогени зони: нозете, колковите, стомакот
Кој им одговара? Со Лав може да си ја остварат желбата за живот полн со луксуз. Квалитетни односи развиваат со Близнаци и Водолии кои се поденакво адаптибилни, додека Овновите им се премногу груби, а Раковите премногу чувствителни.
Боја со која освојува: сите нијанси на розевата боја
Место за водење љубов: трендовски и монденски места
Цвеќе: ружа, каранфил
Шкорпија
Животното мото на Шкорпијата е “се или ништо” па подобро времето да го потроши сам отколку на површни работи и односи. Тивка е, но е многу суптилен осовојувач кој е упатен во сите тајни на заведувањето и знае како да пружи незаборавно сексуално уживање. Шкорпијата можете да ја освоите со билети за концерт на класична музика или со карти за патување во некој од европските градови кои се престолници на културата.
Шкорпијата бара целосна посветеност и внимание од партнерот, љубоморна е и не поднесува конкуренција. Поради стравот од покажување емоции во некои моменти се чини за премногу ладен, а во друга ситуација е комплетно различен и страствен. Овој знак сака лојалност и искреност, а неверството не го заборава ниту пак го опростува.
Омилен мирис: интезивни и необични мириси, цимет
Афродизијак: рузмарин
Ерогена зона: задникот
Кој им одговара? На Шкорпиите им годат нежните Ракови и Риби, додека Лавовите на почетокот им се интересни, но потоа им здодеваат. Не се сложуваат со Бикови.
Боја со која освојува: Црна
Место за водење љубов: музеј, концерт, патување
Цвеќе: Орхидеја
Стрелец
Модниот зависник – Стрелецот ретко пропушта шанси кои животот му ги пружа. Поденакво бара љубов и забава за една вечер, но искрено верува во среќен крај во стилот на Холивуд приказните. На Стрелците обично им е потребно подолго време за да ја пронајдат вистинската љубов, бидејќи тие тешко го подаруваат своето време и тело, а уште потешко срцето и чувствата.
Потребата за слобода кај Стрелците е во постојан конфликт со љубовниот живот, желбата за стабилност лесно може да прејде во страв од сериозна врска. Стрелецот сака високо ниво на адреналин па може да се воодушеви од лудо возење на мотор или “банџи џампинг”. Долг, но сигурен пат до неговото срце е преку пријателството.
Омилен мирис: комбинации со мошус
Афродизијак: вербена
Ерогена зона: надколеници
Кој им одговара? Успешни врски може да имаат со Овнови, Лавови и Водолии, а голем проблем се јавуваат во односите со Девици.
Боја со која освојува: бордо
Место за водење љубов: луксузен хотел
Цвеќе: Бегонија
ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПОДОЛУ НА СТРАНА 4: 👇
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.