Децата од градинката „Срничка“, објект „Изворче“, преку игра и забава ги откриваа убавините што со себе ги носи есента.Дечињата го искористија топлото есенско сонце и учествуваа во различни активности во дворот на градинката, а беше организирана и еко – акција за собирање на есенските лисја. Децата формираа купчиња од свежите лисја, кои подоцна ги искористија како полигон за движење и рекреација.
Тие, со своите учителки, исто така, разговараа за убавините и промените на природата во есен, ги именуваа боите на есенските лисја, ги забележуваа нивните различни форми и големини и учеа за листопадни и зимзелени дрвја.
Ваквите игри помагаат за здрав развој на децата, затоа што покрај забавата на отворено, тие вложуваат и одреден напор за реализација на активностите, со што се поттикнува нивниот емоционален развој и развој на здрави навики, истакнуваат од градинката.Дечињата го искористија топлото есенско сонце и учествуваа во различни активности во дворот на градинката, а беше организирана и еко – ак