Ескобар не бил вистинскиот КРАЛ НА КОКАИНОТ! Овој човек стоел позади се

Пабло Ескобар е познат како најголемиот нарко-бос на сите времиња, но всушност тој имал шеф. Овој човек е бил вистинскиот газда на нарко-картелот.Долги години Ал Капоне бил синоним за мафијашки бос, влијателен криминалец, крал на подземјето. Меѓутоа, Пабло Ескобар, може да се рече дека ја надминал неговата слава. Организацијата, која наводно била негова, заработувала двесте милијарди долари годишно, што е ненадминлива цифра, кога е во прашање една чисто криминална група. Меѓутоа Пабло не бил вистинскиот шеф на медељинскиот клан.
Врвот на моќта на Ескобар, бил периодот додека бил во затвор. Имено, неколку години траела војната меѓу Пабло и колумбијската влада. Колумбија во 1984 година, под притисок на САД, донела закон за екстрадиција на своите државјани во таа земја. По тоа, Ескобар некое време поминал во Панама, под заштита на генералот Нориега, тогашниот панамски диктатор. Потоа неколку месеци поминал во Никарагва, а потоа се вратил во Колумбија, во 1985 година, каде почнува да ги финансира нападите на герилското движење и така да води лична борба со владата.

Таа војна завршила со негова привремена победа во 1991, кога под негов притисок, од уставот е исфрлен делот за екстрадиција од САД. Тогаш е осуден на седум години затвор, но под јуслов да лежи во свој приватен затвор, каде ќе го чуваат негови луѓе. Затворот станал центар на операции на неговиот картел, каде се планирале работи и биле убивани противници. Властите се обидувале да го префрлат во друг затвор, меѓутоа тој побегнал. Тоа довело до востинска војна помеѓу неговиот клан и здружените сили на колумбијската власт, ДЕА и ЦИА.
Пабло е убиен на 2 декември 1993 година. Не е познато на кој начин настрадал, дали бил кобен куршумот што го погодил, или пак било егзекуција. Дури постои верзија дека се работи за самоубиство.

Медељинскиот наркокартел во тој период, бил најмоќна криминална организација на светот, а што се однесува до финансиските моќи, нивните приходи кои се мереле на десетина милијарди годишно, останале ненадминливи во тој свет. Меѓутоа, глава на таа организација никогаш не бил Пабло Ескобар.
Човекот кој стоел зад сите операции и најважни одлуки се викал Фабио Очоа Рестрепо (1923-2002), познат како Дон Фабио.

Семејството Очоа, со векови наназад, било угледно семејство од Медељина, а Фабио Очоа, бил патријарх во свое време. Неговите синови често биле поврзувани со наркодилери, но самиот Дон Фабио, никогаш.
Тој бил тивок човек, никогаш не бил во затвор, што навистина било спротивно од Ескобар.

Дон Фабио, очигледно бил повеќе од патријарх, но неговата улога и понатаму е мистерија. Кога еден таков човек ќе напише автобиографија, тогаш не очекувате приказни за дрога.

Сите показатели укажуваат на тоа дека Дон Фабио, навистина стоел зад сите операции. З неговата вмешаност во криминалните работи нема никакви докази. Долги години Ал Капоне бил синоним за мафијашки бос, влијателен криминалец, крал на подземјето. Меѓутоа, Пабло Ескобар, може да се рече дека ја над

Пронајдете не на следниве мрежи: