ЕУ не го признава референдумот во Каталонија

Европската комисија повика денеска за брз почеток на дијалог меѓу властите во Каталонија и во Мадрид. ЕК наведува дека рефендумот во Каталонија не бил легален и тоа е внатрешно прашање за Шпанија.Каталонската влада претходно соопшти дека 90,9 отсто од гласовите што не биле запленети биле за независност на Каталонија од Шпанија. Каталонскиот премиер Пуџдемон рече дека Каталонија се изборила за право да формира сопствена држава и дека е направен пат за едногласно прогласување независност.
Според портпаролот Жорди Туруљ, шпанската полиција спречила околу 777.000 жители да се изјаснат на референдумот.
Во текот на вчерашниот ден беа повредени повеќе од 800 лица во акцијата на полицијата која е под контрола на Мадрид.
Премиерот на Шпанија Маријано Рахој ѝ се обрати на јавноста. Истакна дека „никаков референдум не е одржан“ и потсети дека Уставниот суд на Шпанија го прогласи изјаснувањето на Каталонците за неуставно.
 Каталонската влада претходно соопшти дека 90,9 отсто од гласовите што не биле запленети биле за независност на Каталонија од Шпанија. Каталон

Пронајдете не на следниве мрежи: