ЕУ: Немојте да ни ја прекинете испораката на гас

Москва се заканува дека на 3 јуни ќе ја прекине испораката на гас кон Украина, бидејќи Русија не доби никаков „конкретен предлог“ од ЕУ во врска со плаќањето на испораката на руски гас кон оваа земја. Путин ја повика унијата поактивно да се вклучи во решавањето на овој проблем.ЕУ го повика рускиот претседател Владимир Путин да ги почитува договорите за снабдување на Европа со гас, додека Москва се заканува дека на 3 јуни ќе ја прекине испораката на гас кон Украина.
– Додека траат разговорите помеѓу Русија, Украина и ЕУ, испораката на гас не би требало да биде прекината. Сметам на Руската Федерација дека ќе го почитува договорот – порача претседателот на Комисијата на ЕУ, Жозе Мануел Барозо.
Тој уште додаде дека руската компанија Гаспром има „одговорност да ги обезбеди потребните испораки, како што е предвидено во претходните договори со европските компании“.
Новиот состанок на трите страни е предвиден за 26 мај во Берлин.ЕУ го повика рускиот претседател Владимир Путин да ги почитува договорите за снабдување на Европа со гас, додека Москва се заканува дека на 3 јуни

Пронајдете не на следниве мрежи: