Европските застапници изгласале во вторник на Пленарната седницата во Стразбург, своите предлози за промена на директивата на тутунот, на основа на тоа каде конечно ќе се разговара за овој законот со државните членови. Европските застапници донекаде го ублажиле предлогот на Европската комисија. Основната цел на прописот за тутунските производи е да ја намали привлечноста кај младите да почнат со пушење. Комесарот за здравје Тонио Борг, изјавил дека за цел им е во наредните пет години да се намали бројот на пушачи за два процента. Парламентот го подржа предлогот па така на кутиите се поставија шокантно застрашувачки слики со предупредувања, кои се последици од пушењето на цигари. Комисијата предложи тоа да биде на 75% од површината на кутијата. Цигарите со додатоци и разни вкусови се забранети.
Одбиен е предлогот на Комисијата, да електронските цигари се третираат како лек и да може да се набават само во аптеки. Исто така не помина предлогот на Комисијата каде бараат да се забранат тенките цигари. Застапниците на предлогот на Комисијата поднеле дури 176 амандмани. Во расправата за предлогот директно учествувала и ХДЗ застапничката Дубравка Суица, членка на Одборот за околината, јавното здравство и сигурноста на храната. Таа изјави – „Нашата примарна цел е да ги одвикнеме и спречиме младиве од пушење. Најдобриот начин тоа да го направиме е да ги направиме цигарите помалку привлечни, да нема рекламирања на истите, пушењето не смее да биде кул“. Бројката на мртви предизвикана од пушењето, годишно во Европа изнесува 700.000, додека во Хрватска годишно умираат 10.000 од последица на пушење.Европските застапници донекаде го ублажиле предлогот на Европската комисија. Основната цел на прописот за тутунските п
Пронајдете не на следниве мрежи: