Специјалните единици на ЕУЛЕКС во четвртокот во Приштина го уапсиле новинарот Миљаим Зеку…Специјалните единици на ЕУЛЕКС во четвртокот во Приштина го уапсиле новинарот Миљаим Зеку, јави агенцијата Kosovapres. Новинарот бил уапсен во просториите на продукцијата,при што бил извршен претрес на просториите и неговото возило, на паркингот пред Радио телевизија Косово (РТК).
Зеку пред повеќе од месец дена, во емисија на РТК пренесе изјава на заштитен сведок, во предметот против Дреничката група ОВК, која е обвинета за воени злосторства над цивили. ЕУЛЕКС потврдил дека во тек е една операција, но без повеќе детали околу неа.Специјалните единици на ЕУЛЕКС во четвртокот во Приштина го уапсиле новинарот Миљаим Зеку, јави агенцијата Kosovapres.