Europe House Струга со мурал го одбележа Светскиот ден на биолошката разновидност


Europe House Струга со мурал го одбележа Светскиот ден на биолошката разновидност

Europe House Струга го одбележува Светскиот ден на биолошката разновидност 22 мај, со голем мурал насликан на НУ Музеј “Д-р Никола Незлобински” во Струга.

„Од највисоките дрвја до најситните инсекти, биолошката разновидност е она што ја одржува нашата планета здрава. Ние, денот на биодиверзитетот го означуваме на наш начин. Нашите истакнати уметници Горан Ристовски и Енкел Дика го создаваат муралот “Симбиози” чија цел е да подигне свеста дека секој еден жив организам е важен за одржување на нашата планета. Особено на нашето поднебје има ретки и ендемични видови на организми кои се неопходни за одржувањето на Охридското езеро. Муралот се наоѓа на НУ Музеј “Д-р Никола Незлобински”, велат од Europe House Струга и провикуваат сите да придонесеме да ја заштитиме неверојатната разновидност.

Пронајдете не на следниве мрежи: