Еуроспорт го најавува новиот идентититет со слоганот „запали ја својата страст“

-Нов идентитет на брендот кој по одличната година најавува возбудлива иднина за Еуроспорт
-Слоганот  „запали ја својата страст“ го ревитализира брендот кој нема конкуренција во преносите на спортските случувања
-Кампањата #sharemypassion ги спојува и инспирира фановите ширум светот преку социјалните медиуми.Скопје, 12 ноември 2015 –Еуроспорт го повикува сите љубители на спортот ширум светот преку слоганот „запали ја својата страст“ да го откријат новиот идентитет на брендот со кој се најавува ново возбудливо поглавје за овој спортски канал кој е во сопственост на Дискавери. Новиот идентитет  на брендот подразбира и преименување на Еуроспорт каналот во Еуроспорт 1, со што разликата меѓу Еуроспорт каналите ќе биде појасна.
Новиот идентитет ќе биде претставен во петок, 13 ноември 2015. Преку слоганот „запали ја својата страст“ и #sharemypassion кампањата на социјалните медиуми ќе се поттикнат љубителите на спортот да ги споделат своите приказни за големата предаденост со која ја искажуваат својата љубов за спортистите, екипите или спортот.
Новиот идентитет е препознатлив и различен, создаден за Еуроспорт од 21 век, со почит спрема богатото наследство и стручност кои ја сочинуваа ДНК-та на Еуроспорт повеќе од 25 години.
Еуроспорт, кој сега е во целосна сопственост на Дискавери, во изминатата година се стекна со правата за емитување на Олимписките игри за цела Европа. Сето тоа е дел од долгорочната ориентација за осигурување искуства вредни за паметење и ангажирање на љубителите на спортот на било која возраст, за било кој спорт, во секој момент и на секаков вид на уред.
Питер Хатон, главниот и извршен директор на Еуроспорт изјави:„Еуроспорт цврсто се етаблираше како главно име за пренос на спортските случувања, а во сопственост на Дискавери доживеа забрзан раст со повторната активација на брендот, се со цел поврзување со фановите“.
„Денешното лансирање на новиот идентитет на брендот е уште еден голем чекор напред за Еуроспорт да стане главно одредиште за љубителите на спортот ширум светот. Нашиот нов слоган„запали ја својата страст“ е посветен на фановите и става нагласок на навистина трансформирачката година за Еуроспорт“.
„Осигуравме ексклузивни права за локалните љубители на спортот на секој пазар со тоа што осигуравме споделување на искуства кои не смеат да се пропуштат-пренос во живо на сите четири Гранд Слем турнири, сите поголеми европски фудбалски лиги, најголемите мото трки, сите велосипедски трки и секако, Еуроспорт ќе биде домаќин на преносот на Олимписките игри од 2018-2024 година“.
„Ја подобривме продукцијата за да ги раскажеме големите спортски приказни на уште поиновативен начин што резултираше со рекордна гледаност на многу големи настани во текот на 2015. Денес сме возбудени што сè може да заокружиме во една целина со нов идентитет и порака, хранејќи ја страста за спортот на нашите обожаватели“.
Антонио Руиз, потпретседател на маркетинг и управител на франшизата на Еуроспорт додаде: „Оживувањето на брендот на Еуроспорт следеше по опсежни истражувања на повеќе пазари, за да ја разбереме перцепцијата на брендот и да овозможиме на компанијата да ги дефинира своите вредности“.
„Еуроспорт ќе има сега препознатлива карактеристика и врвна визуелизација, со кои дополнително ќе ги ангажираме нашите обожаватели“.
„Обожавателите и спортистите ја живеат својата страст на неверојатни начини. Еуроспорт од сега ќе ја поттикнува таа страст и ќе ја слави нивната преданост, амбиција, жртва, лудило и радост“Скопје, 12 ноември 2015 –Еуроспорт го повикува сите љубители на спортот ширум светот преку слоганот „запали

Пронајдете не на следниве мрежи: