четврток, 26 ноември 2026
Најново

Евакуација поради експлозија во лондонското метро

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во лондонското метро дошло до помала експлозија, поради што една метро-станица била евакуирана, но засега нема информации дали има повредени.Британската полиција соопшти дека засега не е познато дали експлозијата има врска со тероризам, а инцидентот се случи на станицата Тауер Хил.
Еден очевидец изјави дека патниците во стампедо ја напуштиле станицата.
– Станицата Тауер Хил е затворена по помала експлозија во торба. Патниците во паника побегнале и има повредени во стампедото, истакна очевидецот.
Според некои информации, експлодирал полнач за батерија.
 
 Британската полиција соопшти дека засега не е познато дали експлозијата има врска со тероризам, а инцидентот се случи на станицата Тауер Хил.

Поврзани вести