Еве како Бредли Купер се набилда за толку кратко време за улогата на специјалец во „Американски снајперист“

Кога станува збор за посветување на улотата, Бредли Купер не се штеди.Имено, актерот работеше премногу напорно за да влезе во форма за улогата на специјалец од морнаричките Фоки, Крис Кајл, во филмот Американски Снајперист, режиран од Клинт Иствуд, што доби 6 номинации за Оскар, во кои и онаа за најдобар глумец за Купер.
Купер за медиумите објасни како тренираше да стане Кајл, кој е светски познат како најсмртоносниот снајперист во американската историја.

Со цел на себе да стави мускулна маса од над 20 килограми, Купер имал „строг, но и луд начин на исхрана“, според продуцентот Џејсон Хол. Еве од што се состои режимот:
Секој ден, Купер морал да внесе 8000 калории, а тоа значи да јаде на секои 55 минути.
Бредли имал личен тренер и неколку месеци вежбал по неколку часа секој ден. Бил строго решен природно да се набилда, и одбивал да користи стероиди или хормони.

Освен огромниот внес на храна и интензивните вежби, Холк открива и дека два пати на ден вежбал со вокален тренер, и поминувал часови гледајќи и студирајќи ја снимката од Кајл. Дури и во однос на справувањето со снајпер, Бредли се покажал како брз ученик. Но, тој изјавува што му било најтешко од се:
„Кога ми велеа дека е време за храна ми доаѓаше да повратам. Телото целосно ми се промени. Венчалниот прстен веќе не ми беше точен. Дури и дланките ми се здебелија. Кога се движев по тротоар не се грижев за тоа дали некој ќе се удри од мене, а на журките, во гужвата, луѓето едноставно се одбиваа од мене, без да успеат да ме помрднат од местото.“
Веднаш по филмот, Купер морал брзо да ослабне за улогата на готвач во наредниот филм. „Ослабнав 7 кила за 3 недели, но наредните 7 до 10 килограми беа навистина тешки за намалување.“. Бидејќи слабеел и за време на снимањето на првите сцени од филмот, подоцна тие биле едитирани за да изгледа исто во сите сцени.
Сепак, тој со носталгија се сеќава на месеците кога бил огромен: „Да се биде огромен е прекрасно чувство, а уште поубаво е да се знае дека тоа може да се постигне природно, за релативно краток период“. Но, на прашањето дали повторно би се вратил на тренингот со кој ја постигнал неверојатната трансформација, тој кратко одговара: „Никако!“.
Имено, актерот работеше премногу напорно за да влезе во форма за улогата на специјалец од морнаричките Фоки, Крис Кајл, во филмот Американски Снајп

Пронајдете не на следниве мрежи: