четврток, 12 ноември 2026
Најново

Еве како да бидете интимни со партнерот БЕЗ ДА ИМАТЕ СЕКС!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Постојат периоди од животот кога без разлика дали станува збор за органска или за психолошка природа настанува недостаток на желба за секс кај жената. Еден од тие периоди е периодот откако на свет ќе го донесете вашето малечко.Понекогаш недостатокот на желбата за секс е сосема нормална и очекувана појава која што со текот на времето ќе биде надмината. Но, тоа не значи дека не треба да продолжите да бидете блиски и интимни со вашиот партнер. Постојат многу начини како да бидете интимни без да се впуштате во сексуален чин.
Понекогаш е доволно едноставно да лежите еден до друг, гледајќи се во лице во лице. Молчете и дишете. Синхринизирајте ги вдишувањата и постигнете неверојатна поврзаност.
Бакнувајте се како никогаш да не сте се бакнале претходно. Потсетете се колку биле убави, долги и возбудувачки бакнежите на почетокот од врската. Ако сте се чувствувале прекрасно тогаш исто така можете да се чувствувате и сега-верувајте ништо не се променило.
Кога гледате телевизија не заборавајте да се држите за рака. Но не само да ги држите дланките на партнерот. Зачинете го моментот со нежни милувања и шепотења. Романтиката никогаш не изумира.
Иако перницата секогаш е најудобна за спиење, сепак одвреме навреме отпуштете се на потпирајќи ја главата на рамото на вашиот партнер. Тоа може да биде навистина зближувачки и релаксирачки момент и за двајцата.Понекогаш недостатокот на желбата за секс е сосема нормална и очекувана појава која што со текот на времето ќе биде надмината. Но, тоа не значи дек

Поврзани вести