Еве како да ги направите НАЈКРЦКАВИТЕ компирчиња

Луѓето на планетата имаат откриено неверојатни пронајдоци до сега, но дали постои пронајдок поголем од совршени компирчиња? Се разбира дека не.Правењето на најдобрите компирчиња може да биде тешка битка, освен ако живеете во Белгија. Крцкави однадвор, меки во средината и жешки. Еве како да ги направите.
Печењето компири помага да се ослободите од прскањето зејтин насекаде и да јадете поздрави компири, но дали тоа навистина ги прави совршени и крцкави?
Совршениот компир е производ на прецизна хемија, но еден од најголемите фактори на кои може да влијаете е водата. Помалку вода значи повеќе крцкавост, а бидејќи околу компирот е околу 50% вода, еве како да ја намалите таа бројка:
-Исечете ги компирите широки и тенки. Ова помага водата да испари
-Пред да ги зготвите компирите, држете ги околу половина час потопени во вода со сол, за да излезе скробот, кој е главниот виновник за држењето на влагата во компирот.
-Алтернатива на претходниот метод е темелно сушење на компирите со крпа, пред да се стават во зејтин.
-Ставете ги компирчињата на хартија за печење, и внимавајте да не бидат премногу блиску едни до други. Ако се блиску, за време на печењето, водата што испарува од компирите ќе навлезе во нивните соседи и повторно ќе бидат влажни.
-За време на печењето, отворете ја вратата од рерната неколку пати за пареата да излезе и компирчињата да не бидат „лигави“.
ЕВЕ КАКО ДА НАПРАВИТЕ КРЦКАВА ЗЛАТНОЖОЛТА КОРА:

Постојат неколку начини да се направи совршената кора, но ако навистина сакате да се потрудите, веројатно ќе треба да ги извадите од рерната пред да бидат целосно испечени.
Ова го зајакнува пектинот во компирот и помага да се изгради слој од сув, крцкав скроб на надворешниот дел од компирите. Еве како да го направите:
-Исечете ги компирите на тенки парчиња, ставете ги во тавче и покријте ги со ладна вода.
-Додајте малку сол и оцет, што ќе помогне компирите да ја задржат формата.
-Варете ги во водата на тивок оган три минути. Кога ќе ги извадите, компирите ќе бидат малку помеки, но не и „лигави“.
Уживајте! И не заборавајте – домашните компирчиња одлично одат со домашен кечап.Правењето на најдобрите компирчиња може да биде тешка битка, освен ако живеете во Белгија. Крцкави однадвор, меки во средината и жешки. Еве како да

Пронајдете не на следниве мрежи: