Еве како да го вратите во живот овенатото растение!

Ништо не ја разубавува собата како зелените ливчиња и шарените цветови на собното растение. Но, секој што барем еднаш одгледувал цвеќе, знае колку е депресивно да го гледате цвеќето како венее во бавна смрт. Затоа, пред да се откажете, пробајте ги овие неколку совети.-Пресадете го растението во нова саксија: Пресадувањето од старата во новата саксија е изненадувачки успешно. Внимавајте да го посадите растението во саксија барем неколку сантиметри повисока од претходната. Ова ќе му даде простор на коренот да се обнови и порасне.
-Хранете го подобро: Растенијата треба здраво да се хранат, па затоа заменете ја старата почва со нова. Вашето новозасадено растение ќе го цени полевањето во нова почва.

-Пружете му сончева светлина: Иако сонцето е добро за повеќето растенија, сепак, не го изложувајте на премногу сонце наеднаш, а особено ако не било изложувано на многу сонце претходно.
-Не претерувајте со полевање: Најчестата грешка во градинарството е постојаното полевање заради незнаењето во кој период од годината растението „спие“.
-Ослободете се од штетниците: Ако листовите на растението изгледаат слабо, можеби проблемот се инсектите. Испрскајте ги со специјален раствор што може да се најде во маркетите.-Пресадете го растението во нова саксија: Пресадувањето од старата во новата саксија е изненадувачки успешно. Внимавајте да го посадите растението

Пронајдете не на следниве мрежи: