Ви имаме пренесено голем број на приказни каде што кинески (неоригинални) полначи за iPhone или iPad имаат предизвикано штета на телефонот, па дури и го имаат повредено корисникот. Еве како да ги препознаете и избегнувате…Пред се, тука е цената на самиот полнач. Apple посебно го продава USB кабелот и „главицата“, а индивидуално овие делови чинат над 20 до 30 евра. Доколку некој ви нуди полнач по цена од 500 денари, тогаш веројатно станува збор за некоја кинеска копија.
Визуелните разлики исто така се очигледни. Копијата има потемна боја на текстот и потемно куќиште, а исто така има разлики и во самата содржина што е пишана на полначот. На оригиналот ќе пишува „Designed by Apple in California. Assembled in China,“, а исто така ќе биде додадено дека е произведено во Foxlink. Од друга страна, на копијата може да пишува само „TM © 2010 Apple Inc“ без останатиот текст.
повеќе на:GSM.mkПред се, тука е цената на самиот полнач. Apple посебно го продава USB кабелот и „главицата“, а индивидуално овие делови чинат над