На далечниот север од Европа, помеѓу Норвешка и Северниот пол, малечкиот архипелаг Свалбарг крие нешто што би можело да го спаси светот во случај на голема глобална катастрофа.Свалбард е одбрано место, бидејќи на природното ладно време може долго, дури и во случај на снемување струја, да се зачува семе. Во трајно замрзнатата површина, на температура под нулата, се чуваат неколку милиони семиња.
„Ова место е изградено за да обезбеди преживување на човештвото“ – објаснува Михаел Кох од Фондацијата за семиња.
Свалбард е избрана локација бидејќи е географски стабилно подрачје, а без оглед на тоа што е оддалечен, можно е до ова место да се остварат редовни летови.
„Ова е како свето место. Секој пат кога ќе дојдам тука се чувствувам како да сум сам во катедрала. Ова е место на кое може да застанете и да размислите. Ова е уникатно место, кое е од голема важност за луѓето“ – вели Кох.
Магацинот на судниот ден, како што некои го нарекуваат, е наша „осигурителна полиса“. Се проценува дека таму се наоѓаат 556 милиони семиња, а постојано пристигнуваат нови пратки и се складираат на температура од осумнаесет степени под нулата, за да се спречи нивното распаѓање.
Дури и да снема струја, температурата би се стабилизирала на осум степени, што е доволно ниско за чување на оваа вредна содржина.
Кох напоменува дека сѐ повеќе е очигледна потребата за вакво складиште кое беше отворено во 2008 година.
„Полјоделството не се прилагодува доволно брзо кон климатските услови. Мора да се прилагодиме на повишените температури, ветерот, бурите и поплавите, новите болести. Се случува на полињата со ориз да дојде солена вода, а тоа е проблем. Ова е разноликост на гени кои ќе ги користиме за да се прилагодиме кон сите услови, а не знаеме што ќе ни биде потребно за 50, 100 или 500 години“ – вели Кох. Свалбард е одбрано место, бидејќи на природното ладно време може долго, дури и во случај на снемување струја, да се зачува семе. Во трајно замрзнат



