Еве како некои од најкреативните луѓе си ги распределувале дневните активности

Се прашувате како ли генијалците на минатите векови, како Лудвиг ван Бетовен, Оноре де Балзак и Виктор Иго, си го организирале денот преполн со активности? Еве како.Кога имате несовладливи количини работа во еден ден, мака мачите со тоа како најправилно да ги распределите. Но сетете се дека највлијателните личности во историјата (од Бетовен до Бијонсе) имале исто малку или многу време како и вие.
Користејќи ја книгата „Дневни ритуали: Како работат уметниците“ од Мејсон Кири, Р. Џ. Ендрус од Info We Trust дизајнирал интересни визуелизации за тоа како генијалните умови на минатото време си ги планирале дневните активности во дозволениот временски период.
 

 
За жал, немаме конечен рецепт за совршен распоред, бидејќи секоја од овие личности на различен начин си го пополнува времето.
На пример, Бетовен за своето утринско кафе користел точно 60 зрна кафе, кои претходно мачно ги броел. Виктор Иго пак, секое утро се будел со топовски истрел и се капел во када полна со неподносливо студена вода на покривот од неговата куќа. За разлика од Бетовен, Оноре Де Балзак кафепиењето го одвел во друга крајност така што пиел дури и по 50 шолји кафе на ден.
Визуелните распореди на активностите на креативците можете да ги погледнете на следниов линк.Кога имате несовладливи количини работа во еден ден, мака мачите со тоа како најправилно да ги распределите. Но сетете се дека највлијателните личн

Пронајдете не на следниве мрежи: