Еве како NSA прислушкува – Сноуден прозборе за Гардијан

Постои програм наречен Xkeyscore кој буквално ви овозможува колектирање на сè што се случува на интернетот. Едвард Сноуден реши за Гардијан да објасни како функционира процесот.Според документите кои ги приложи Едвард, тајниот програм на националната агенција за безбедност на САД може да влезе во мејловите на сите луѓе во целиот свет, а исто така и во чет историјата па и во историјата од веб пребарувањето.
„Седејќи во мојата канцеларија, можам да ги следам сите луѓе во светот, тоа значи и судиите, па дури и претседателот“ – вели Сноуден во првото видео интервју за Гардијан.
Програмот ги анализира сите мејлови, телефонски броеви, активност на интернет и сето тоа го складира во нешто наречено „Метадата“ кое е всушност колекција од целиот персоналитет на една личност, сите информации за активностите на таа личност со години.

Вашиот мејл е многу лесен за дознавање, самиот програм има опција за пребарување на сите постоечки мејлови во светот и да го најде токму вашиот т.е. токму оној мејл кој е потребен. Еве како функционира тоа:

Освен мејлови програмот може да ви ги пребара сите четови што сте ги направиле на интернет. Постои една алатка наречена „DNI Презентер“ кој се користи за читање на содржината која стои во чет историјата и приватните пораки низ целиот интернет вклучувајќи го и Фејсбук.

Потоа има алатка за надгледување на историјата на пребарување и активноста на корисникот на интернет вклучувајќи ги и зборовите кои ги има внесено во пребарувачот:

Гардијан статијата со приложените документи на Сноуден ja објави на 31 јули и веќе ја споделиле над 60 илјади луѓе на Фејсбук и 12 илјади на твитер. Меѓудругото во статијата е интервјуирана и NSA (агенцијата за безбедност на САД) која не го оспорува постоењето на овој програм, но вели дека ова се користи за заштита на САД и спречување на непријателските трупи како и изведување на мисиите успешно“.
Во прилог видео интервјуто со Едвард Сноуден:
Целосниот документ:
Според документите кои ги приложи Едвард, тајниот програм на националната агенција за безбедност на САД може да влезе во мејловите на сите луѓе во

Пронајдете не на следниве мрежи: