ЕВЕ КАКО ПРОПАДНА ГРЦИЈА: Лажни инвалиди, сиромашни богаташи, остров на слепите…

Книгата на новинарот од „Wall Street Journal“ ги открива размерите на корупцијата и криминалот во Грција во кои лежат и одговорите на прашањето- Како пропадна Грција?Грција е банкротирана земја со затворени банки, пензионери кои плачат пред банкоматите, родители кои со деца пазарат во полупразните маркети… всушност како што ја опишуваат европските земји, Грција е на работ на пропаст.
Сепак, оние што ја прочитале новата книга на новинарот на „Волсри џурнал“ Џејмс Ангелос „Целосната катастрофа: патувањето низ новите грчки урнатини“, која открива како всушност корупцијата се вовлекла во сите пори на грчкото општество – од жителите на малиот остров што се претворале дека се слепи за да добијат разни бенефиции, до „сиромашните“ лекари што пријавувале мала заработка, а живееле во елитните квартови на Атина, веројатно имаат малку поинаков поглед врз актуелната ситуација во Грција.
Книгата открива детали за неверојатните даночни и други измами поради кои државната каса била пустошена. Нормално, не ги измислиле Грците овие измами, и не е Грција единствената држава каде што тие се прават, но посебни се во едно нешто – Грција се издвојува од другите членки на ЕУ според неверојатната раширеност на корупцијата на сите, па и на најниските нивоа, се тврди во книгата.
Островот на слепите 

Еден од најлудите примери е „островот на слепите“. Станува збор за островот Закинтос, каде што Ангелос летувал во 2011. Таму дознал една неверојатна информација. Од 680 жители дури 498 биле регистрирани како слепи.
Меѓутоа, Ангелос почнал да се сомнева во сопствениот вид, бидејќи жителите на Закинтос нормално возеле автомобили. Дури ретко кој меѓу нив носел очила.
Тој дознал дека да се биде слеп во Грција носи голем број бенефиции – 724 евра помош секој втор месец, како и попусти на разни нешта.
Тоа било измама што лесно можело да се разоткрие доколку владата испратела барем еден офталмолог на островот. Наместо тоа „слепците од Закинтос“ ја чинеле државата неверојатни девет милиони евра.
Лажни инвалиди

Но ова што го открил Ангелос било само врвот на сантата мраз. Колкав е проблемот со сличните измами кратко и јасно одговорил заменик-министерот за здравство Маркос Боларис – многу голем.
Боларис му раскажал дека министерството повикало на преглед голем број пријавени инвалиди за да се утврди дали се навистина инвалиди. Дури 36.000 воопшто не одговориле на државниот повик. Тоа било добар пример бидејќи им биле одземени пензиите на сите што не одговориле на повикот, па државата автоматски заштедила околу сто милиони евра годишно, пишува Ангелос во книгата.

Малверзации со пензиите 

Потоа се појавил проблемот со пензиите. Владата забележала сомнителна цифра од 8.500 пензионери што имале над сто години. Кога го „прочешлале“ пензискиот систем, откриле 40.000 лажни пензионери. Било утврдено дека луѓето масовно „заборавале“ да пријават дека членовите на семејството им починале.
Сиромашна земја со многу богати луѓе

Според податоците од 2011 година, во грчкиот даночен систем има само 5.000 луѓе што заработуваат над 90.000 евра годишно, поради што економистите иронично ја опишуваат Грција како „сиромашна земја со многу богати луѓе“.
Имено, улиците се полни со луксузни вили со базени, додека докторите и бизнисмените официјално годишно заработуваат меѓу 8.500 и 12.000 евра.
Од сопствениците на вилите околу 300 пријавиле дека имаат базени и уредно си платиле данок, меѓутоа владата со помош на Гугл ерт (Google Earth) добила нешто поголема бројка – базени имаат над 20.000 вили.
Според пресметката на Ангелос, инаку новинар на Вол стрит џурнал, поради сите можни измами и неплаќањето данок Грција годишно губела околу 20 милијарди евра.
Кога Ангелос на еден државен службеник му го кажал своето мислење дека државата треба да почне да ги казнува крадците и измамниците, добил прилично депримирачки одговор: „Тоа би значело дека половина Грција ќе заврши во затвор“.
На кому Грција должи пари и колку?
Грција има вкупен јавен долг од вртоглави 323 милијарди евра.
Освен на овие земји, Грција им должи 21,4 милијарди евра на Меѓународниот Монетарен Фонд, 18,1 милијарди евра на Европската Централна Банка, а долгот кон останатите држави изнесува 52,6 милијарди евра.
Берлин си бара назад неверојатни 68,2 милијарди евра, Франција 43,8, Италија 38,4, а Шпанија 25 милијарди евра.Грција е банкротирана земја со затворени банки, пензионери кои плачат пред банкоматите, родители кои со деца пазарат во полупразните маркети… всу

Пронајдете не на следниве мрежи: