Еве како САМО ЗА 8 МИНУТИ да изгледате свежо по непреспиена ноќ!

Колку пати по непреспиена ноќ безуспешно сте се обидувале да ги сокриете трагите од замор на своето лице? Ние ви откриваме како со помош на овие трикови можете само за 8 минути да го вратите одморениот изглед…1.Лажичка против отечени капаци
За оној трик со ладните лажички сигурно веќе имате чуено. Се лажете ако мислите дека тоа не функционира и дека станува збор за еден ефтин „штос“. Испробајте па ќе се уверите. Ставете ги лажичките во фрижидер, а потоа кога доволно ќе се изладат ставете ги на затворените капаци. Држете ги така неколку секунди, а потоа намачкајте ги со хидратантна крема за очи.
2. Миење со ладна вода
Миењето со ладна вода многу ќе и користи на вашата кожа. Ладната вода ќе го освежи вашиот тен бидејќи го предизвикува собирањето на крвните жили намалувајќи го црвенилото и отеченоста особено во зоната на очите.
3.Масажа на лицето
Трагите од ненаспаноста со гаранција ќе ги тргнете доколку на кратко го измасирате на своето лице. Нанесете малку масло за лице, серум, или крема по желба, распоредете по целото лице и масирајте.

4. Хидратантна крема со кофеин или зелен чај
За оние утра кога едноставно поради некоја причина не сте можеле добро да се наспиете, добро би било да си набавите хидратантна крема или млеко за тело кое содржи кофеин или зелен чај. Тоа чудесно ќе ја освежи вашата кожа и никој нема да забележи дека сте доживеале бесна ноќ.
5. Златен сјај и боја на праска за свежина
Изморената кожа нема никаков сјај, и затоа најдобро е во тие случаеви да користите розево руменило или пак златен сјај или сјај со боја на праска.
6. Моливче со боја на кожа за буден поглед
Ќе погрешите ако со бело или црно моливче го прекриете црвенилото на вашите отечени капаци. Во овој случај најдобро е да користите моливче со боја на кожа. Тоа визуелно ќе ги отвори вашите очи кои ќе изгледаат покрупно и побудно. 1.Лажичка против отечени капаци
За оној трик со ладните лажички сигурно веќе имате чуено. Се лажете ако мислите дека тоа н

Пронајдете не на следниве мрежи: