Еве како се одвивала кобната ноќ во брзата помош

Како се одвивала кобната ноќ во брзата помош? Колку лица побарале помош вечерта, колку подоцна? На овие теми во отвореното студио на ТВ Нова зборуваше Доктор Василаки Карабашев, шеф на брзата помош.-Кобната ноќ бев сведок на немилата несреќа. Им излеговме во пресрет на граѓаните кои побараа помош, меѓутоа кога ќе стигневме сообраќајот беше блокиран од безбедносни причини. Мобилизиравме уште 5 екипи, вкупно 14. Добивавме инструкции, но интервениравме до каде што можеа да се движат нашите екипи, раскажува Карабашев.
Тој додава дека брзата помош потоа екипирала екипа со теренски возила од армија за да стигне до непристапни места.
-Брзата помош боса одеше до оние куќи кои побараа помош. Целата координација беше под Министерството за здравство. Од 6-ти август по 20 часот, до денеска интервениравме кај 234 лица, на лице место – 159. На останатите им вршевме транспорт до Ургентен, Градска болница, 8-ми септемри… Следната ноќ состојбата се подобруваше, но се појавија проблеми на стари и изнемоштени лица за кои направивме мобилни и стационарни амбуланти, раскажува Карабашев.
Ден по невремето три лица од Стајковци починаа поради срцев удар.  Доктор Василаки во тој контекст, зборуваше за здравствените последици што можат да бидат предизвикани по поплавите.
-По првиот ден, граѓаните реагираат со хипертензии, шокови, агетираност, паника, други се депресивни, индиферентни. Во такви моменти се обидувавме да ги смириме граѓаните, да им дадеме потпора, а потоа да делуваме таму каде што има потреба. Се трудевме екипите да бидат достапни до сите граѓани кои што бараа помош, истакна Карабашев.
Тој не ја исклучи можноста за кожни и други заболувања поради хигиенските услови, а исто така додаде и дека од превентивен карактер се уште флашираната вода е најдобра за користење.
Меѓу другото, Карабашев порача дека за во иднина ќе ни требаат поголем број возила опремени со соодветна опрема што ќе возат до непристапните терени.
-Ако не дај Боже дојде до ваква ситуација потребни се поголем број возила што ќе бидат опремени со посоодветна опрема, вели Карабашев.-Кобната ноќ бев сведок на немилата несреќа. Им излеговме во пресрет на граѓаните кои побараа помош, меѓутоа кога ќе стигневме сообраќајот беше бло

Пронајдете не на следниве мрежи: