Еве кога се очекува Сава да се излее и да го поплави Белград

На Белграѓани им се препорачува да си ги подготват чадорите, гумените чизми и сета останата расположлива опрема за дождливото време, па дури и привремено да се отселат некаде.Најзагрозени од излевањето на Сава се Бара Венеција, Работничката Улица, Ада Циганлија и Саемот. Се очекува Сава да се прошири колку Дунав, односно проширување за околу стотина метри. Поплавниот бран се очекува утре да го погоди главниот град на Србија.
Сања Жугиќ Вуксановиќ, начелничката на Управата за справување со кризи, вели дека во земјата се очекуваат нови поплави и излевања на реките. Како најкритични локации ги посочи Обреновац, Сремска Митровица и белград, но потенцираше дека е навистина непредвидливо тоа кои области ќе бидат најсериозно погодени.

 
Дури и министерот Александар Антиќ потврди дека водостојот на Сава постојано расте и кај и да е ќе треба да се интервенира и во Белград. Градскиот менаџер на Белград пак, Горан Весиќ, ги повика сите компании да донираат потребан опрема на граѓаните за што побезболно и полесно да ја надминат оваа природна катастрофа.
Од друга страна пак, граѓаните се негативно изненадени од одлуката на трговците да ги зголемат цените на неопходните производи за овој период. Има поплаки од граѓани дека во некои продавници цената на водата за пиење, чадорите, чизмите и слични производи е зголемена за повеќе од 100%.Најзагрозени од излевањето на Сава се Бара Венеција, Работничката Улица, Ада Циганлија и Саемот. Се очекува Сава да се прошири колк

Пронајдете не на следниве мрежи: