Еве кој мислел дека Нелсон Мандела е мртов

Веста дека поранешниот претседател на Јужноафриканската Република починал се рашири низ целиот свет. 
Но, таа вест е лажна, а Мандела е сеуште жив, но се наоѓа во критична состојба. 
Австралискиот министер Гери Греј е оној кој мислел дека Мандела е мртов, пренесува АП. 
Греј на вечера одржана во зградата на парламентот на Австралија кажал дека легендарниот борец против апартхејдот во Јужна Африка е мртов.
„Безрезервно се извинувам и длабоко ми е жал што пренесов нешто за што мислев дека е сигурна информација“, изјавил Греј во соопштението.

 

 Веста дека поранешниот претседател на Јужноафриканската Република починал се рашири низ целиот свет. 

Пронајдете не на следниве мрежи: