Наса го потврди тридневниот мрак кој ќе следи на 21, 22 и 23 декември оваа година! Планетата Земја тогаш ќе остане без сончева светлост а потполниот мрак ќе настапи пропратен со големо невреме и олуји.Високо позиционираниот челник на НАСА , Чарлс Болден најавил необична појава на соларна олуја која споед неговите зборови е најголемата во последните 50 години и која ќе трае 72 часа, всушност цели три дена.
Покрај оваа најава дал и предупредување во кое кажува дека нема потреба за страв или паника и го повикува населението да остане мирно.
Францускиот научник Моник Матеј со своите членови на друштвото „Од небо на земја“ повторно порачува…
„Тие три дена мрак ќе бидат доста тешко време за човештвото“
Оваа вест ја пренесоа бројни портали од БИХ и регионот, најавувајќи катаклизмично сценарио пред крајот на декември.
За оваа информација да биде поуверлива бил споменат и Чарлс Болден , човекот кој навистина постои и работи за НАСА но никогаш не проговорил за соларните олуји.
Оние кои не веруваат на се што ќе прочитаат со едноставно пребарување на Гугл можат да откријат дека скоро истата вест се појави и во 2012 година кога на 21 декември беше најавен „Крај на светот!“
Тридневниот мрак на Земјата беше најавен за 23 , 24 и 25 декември 2012 година и секако тоа не се случи, како што нема ни да се случи и оваа година.
Инаку НАСА ниту соопштила ниту потврдила никаков тридневен мрак на Земјата.Високо позиционираниот челник на НАСА , Чарлс Болден најавил необична појава на соларна олуја која споед неговите зборови е најголемата во последни



