четврток, 12 ноември 2026
Најново

Еве што бараат проруските сили како дел од мировниот план

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Денес проруските бунтовници  ги претставија своите предлози за прекин на огнот со украинската армија пред утрешната средба на Контакт групата во Минск.Како што претходно најави украинскиот претседател Петро Порошенко,на оваа средба, по разговорите со главните лидери на НАТО во Велс, се очекува потпишување на договор за прекин на огнот.
Притоа, лидерите на самопрогласените „Доњецка Народна Република“ и „Луганска Народна Република“ предлагаат формирање „безбедносна зона“. Таа зона треба да биде  поделена на пет делови.
Се планира во секој од нив да бидат распоредени по 40 набљудувачи на ОБСЕ, кои ќе вршат мониторинг од три-четири стационирани и две-три мобилни набљудувачки места.
Исто така, бунтовниците предлагаат и итно отворање на хуманитарни коридори за движење на бегалците и за испорака на хуманитарна помош во градовите од областите Доњецк и Луганск. Како што претходно најави украинскиот претседател Петро Порошенко,на оваа средба, по разговорите со главните лидери на НАТО во Велс

Поврзани вести