Пицата е омилената храна на многу луѓе, а вашиот омилен вкус може многу да открие за вашиот карактер.Пицата е омилената храна на многу луѓе, а вашиот омилен вкус може многу да открие за вашиот карактер.
МАРГАРИТА
Личностите кои најмногу ја сакаат оригиналната неаполска пица (сос од домати, моцарела и босилок), тешко трпат промени. Знаат што сакаат, сакаат проверени работи и секогаш играат на сигурно.
ПЕПЕРОНИ
Пицата зачинета со кулен и лути додатоци ги опишува малку помрзливите луѓе, кои сепак, сакаат сигурност. Тие уживаат во својот свет, во кој се добредојдени сите кои ќе ги прифатат нивните услови. Најмногу сакаат да уживаат во топлината на домот со некој филм или во игрите со добро друштво.
ВЕГЕТАРИЈАНА
Личностите кои најмногу уживаат во пица без месо, збогатена со зеленчук се мирни и стабилни, не сакаат да се истакнуваат во друштво, ни на работно место. Избегнуваат конфликти и не сакаат големи промени во животот.
ПИЦА СО ТУНА
Вкусна пица со додаток од егзотичен ананас ги опишува оние личности кои сакаат да ризикуваат. Тие уживаат во промените, имаат свои правила и не се грижат за општвените норми.
КАПРИЧИОЗА
Личностите кои уживаат во класична шунка, кашкавал и печурки од оваа варијанта на пица, во животот најмногу ја ценат сигурноста и рамнотежата. Тие сакаат да пробуваат и нови работи, но секогаш се враќаат на старото. Многу се умерени и не претеруваат во ништо.
ПИЦА СО МЕСО
Оваа пица збогатена со сос од болоњезе, пилешко или колбаси, ги опишуваат луѓето кои уживаат во се што ќе допрат, а особено кога станува збор за храна и друштво. Тие имаат избран круг на пријатели и тешко склопуваат нови пријателства. Партнерот им е најдобар пријател, а понекогаш можат да се почуствуваат осамено.
ПИЦА СО ПРШУТА И РУКОЛА
Личностите кои уживаат во ваква пица, знаат да уживаат и во животот. Елегантни и префинети, сакаат патувања и нови предизвици. Тие ги следат трендовите и сакаат да пробуваат нови работи. Друштвени се и весели.Пицата е омилената храна на многу луѓе, а вашиот омилен вкус може многу да открие за вашиот карактер.
МАРГАРИТА



