Еве што ќе ви се случи доколку немате редовен секс

Многу работи можат да влијаат на вашиот  сексуален живот. Раскин на врска, работни обврски и патувања се само некои од причините поради кои може да страда вашиот сексуален живот. Последиците за вашето здравје, ментално и психичко, во тој случај не се добри.Ви наведуваме седум работи кои би можеле да ви се случат доколку престанте да имате секс.
Се чувствувате напнато
Сексот помага да се „издуваме“, а истражувањата покажуваат дека луѓето кои немаат редовни сексуални односи имаат проблеми кога ќе се најдат во стресна ситуација.
На мажите им се заканува рак на простата
Доколку престанат да имаат секс, кај мажите се зголемува ризикот од рак на простата, покажуваат истражувањата. Инаку, со честа ејакулација мажите од телото ги исфрлаат потенцијално опасните супстанци.
Полесно ќе добиете грип и настинка
Недостатокот на секс ја намалува изложеноста на бактерии (да, исложени сме на бактерии за време на секс), а тоа ќе доведе до слабеење на имунитетот. Заборавете на мед и лимон и фрлете се на акција под чаршафите додека се уште не е доцна.

 
Помал ризик од инфекции на уринарниот тракт
Ова е единствената добра работа. Имено, дури 80 проценти од инфекциите на уринарниот  тракт  се случуваат  во рок од 24 часа по сексуалниот однос. За време на сексот бактериите од вагината завршуваат во уретата, каде предизвикуваат инфекции.
Вашите односи со другите се на  климави нозе
Недостатокот на секс може да влијае на вашето чувство за среќа, блискост и сигурност во врските, тврдат експертите.

Еректилната дисфункција станува се поголем проблем
Мажите кои немаат редовни односи ризикуваат да имаат проблеми со еректилната дисфункција, додека тоа кај оние кои редовно стапуваат со сексуални односи таа опасност е двојно помала.
Би можеле да се чувствувате полошо
Жените ќе се чувствуваат подепресивно и ќе имаат полошо мислење за себе и своето тело. Но, не само тие. Научниците тврдат дека така можат да се чувствуваат  и жените кои имаат односи, но со кондом. Имено, во спермата се наоѓаат состојки како мелатонин, серотонин и окситоцин, одговорни за чувство на среќа и задоволство.Ви наведуваме седум работи кои би можеле да ви се случат доколку престанте да имате секс.
Се чувствувате напнато
С

Пронајдете не на следниве мрежи: