Eве што мислат “експертите” на СДСМ за тиранската платформа: Двојазичност на целата територија, Албанец премиер

Ставовите на експертите блиски до СДСМ  за тиранскатан платформа во целост ги разобличуваат денешните манипулативни изјави на лидерот на партијата Зоран Заев. Заев денеска најави некакви експертски дебати, со кои се обидува да го релативизира прифаќањето на албанската платформа од која Заев денеска не се откажа.Откако Заев денеска најпрво рече дека нема двојазични пари, химна, знаме, затоа што уставните експерти кажувале дека тоа било спротивно на уставните одредби, потоа самиот се демантираше и изјави дека уставните експерти на ДУИ можеле да кажат нешто друго.
-Уставните експерти што ги консултираме се на ставот дека денарите, банкнотите се користат на целата територија на Република Македонија и евентуалната употреба на друг јазик при нивната изработка е спротивна на уставните одредби за употреба на македонскиот јазик, јазикот што го зборуваат повеќе од 20% од населението во Република Македонија, изјави Заев, за потоа да рече:
-Нам тоа ни го кажале уставните експерти, можеби на нив, можеби во јaвноста експертите ќе кажат нешто друго…
Но, иако не е познато дека со кои експерти се консултирал, експертите кои важат дека се блиски до СДСМ и Заев претходно искажаа различни ставови.
Поранешниот кандидат за претседател на СДСМ и министер за внатрешни работи, Љубомир Фрчкоски неодамна истакна Охридскиот договор ни од далеку не е остварен во делот на употреба на јазикот, па така, според него, албанскиот јазик треба да се употребува во сите ќошиња на државата.
-Големите прашања со јазикот во Уставот не се тајната во употребата на јазикот кај Албанците, туку е остварување во сите ќошиња и целиот капацитет на Рамковниот договор. Тоа го велам 5-6 години наназад и стана досадно да Македонец тоа го вика на Албанците, а на ДУИ не им текнува тоа да го расправа. На пример правото на Албанецот да го поднесе своето барање на свој јазик од секогаш постоело, вели Фрчковски.
За апсурдот на Фрчкоски да биде уште поголем, тој предложи и Албанец за премиер на Македонија.
-Концептот да се составува влада на поголема коалиција и да има ротирачки премиер, зошто некој би имал против? Што значи ротирачки премиер? Тоа значи дека Албанец би дошол на премиерското место, циклусно на две години. Што со тоа? Не може да биде Албанец премиер? Забрането е? Да не драматизираме околу тоа, значи тие ќе се договорат структурно околу тоа. Голема коалиција – на две години се менува премиер, или на година, како Швајцарија. И тогаш, нормално е да имате два-три премиера Македонци и еден Албанец.
Тој, исто така, истакна дека оваа година е потребен влез во НАТО и затоа мора нешто да се направи по прашањето за името.
-Со американските партнери ние мора нешто да направиме околу името и влез во НАТО оваа година. Нешто мора да се направи на тој план. Влез во НАТО ќе не дигне на едно ново ниво. Тука нешто мора да се направи, дали со решение за името, дали со ФИРОМ, како не знам, ама ќе има начин ќе има шанса, ќе се постави на маса тоа и треба таа шанса да ја грабнеме. Нас ни треба НАТО оваа година, вели Фрчковски.
Проблемот е што Фрчкоски не е единствениот експерт близок до СДСМ кој го исфрлува на површина денешниот обид за манипулација на Заев. Сашо Ордановски кој исто така важи за аналитичар на СДСМ отворено говореше дека нема ништо спорно во тоа СДСМ да ја прифати Тиранската платформа.
-Содржината на платформата која јас се обидувам да не ја коментирам е направена таква, да биде неприфатлива за ВМРО, односно да ВМРО има доволно отстапка и оправдување, заради тоа што ќе оди во опозицијата. Истовремено таму нема речиси ништо спорно за СДСМ да направи Влада со ДУИ. На крајот ќе си го добие мандатот втората по големина партија во Собранието, таа ќе и пристапи на ДУИ, бидејќи таква е математиката, ќе се побара поддршка и од другите. Веќе се усогласуваат ставовите, гледате како веќе се кристализира гламурозната платформа, се распадна, се сведе на четири-пет применливи точки. Нема ништо спорно во тие точки, вели Ордановски.
Освен македонските, Заев е демантиран и од албанските аналитичари. Таков е примерот со Осман Кадриу, кој истакна дека е неопходно да се случат промени на уставот за да се реализира платформата без таа да биде укината од Уставниот Суд.
– Ако тоа не се постигне и не се реализира, тогаш треба да ви кажам дека овие анекси ќе останат како анекси на Охридскиот рамковен договор, или во превод на уставен јазик, ќе се здобијат со ниво на политички манифест, но во повисока апстрактна форма и речиси невозможно да се реализира во пракса. Затоа треба конкретизирање на нивната временска рамка и треба да се предвиди динамиката со македонскиот блок, за нивното спроведување во пракса, вклучувајќи ја и можноста за измена на сегашниот Устав и другите системски закони. За ова се разбира, ќе треба и во следниот состав на Парламентот да се бара консензус и со политичките партии во опозиција, инаку тешко дека ќе се реализираат без измена на Уставот и другите правни акти кои бараат 2/3 гласови, односно 80 гласа, истакна Кадриу.
Од ВМРО-ДПМНЕ денеска излегоа со став дека манипулациите на Заев за наводни дискусии и идни експертски стручни расправи од типот на експертите на професорот Фрчкоски и Осман Кадриу се само еден невешт и потценувачки обид да ги измами граѓаните уште еднаш.Откако Заев денеска најпрво рече дека нема двојазични пари, химна, знаме, затоа што уставните експерти кажувале дека тоа било спротивно на уставнит

Пронајдете не на следниве мрежи: